16 Декември, 2025
0.1035

ДИРЕКТОРОТ НА КОМУНАЛНА-РУСТЕМИ ДАЛ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА: Тоа било морален чин, вели неговиот адвокат

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2025 10:21

Добивај вести на Viber

Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми дал неотповиклива оставка од својата функција, вчера за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

„Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин“ изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Неговиот адвокат појасни дека оставката на Рустеми е дадена откако тој се советувал со неговите бранители.

„Тоа е чин кој што ќе овозможи непречено водење на истрагата со цел да докажеме дека директорот нема никаква поврзаност со делото, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел, ниту ќе попречи какво било водење на истрагата“ појасни адвокатот.

Истакна дека станува збор за ретко кривично дело кое им се става на товар на двајцата обвинетти. Исто така рече дека директорот барал и од Управниот и од Надзониот одбор повеќе механизација и ресурси и врабтувања но истите не му биле одобрувани. 

Рустеми е именуван на функцијата во февруари 2025 година. 

Судот вчера на Рустеми и Аки Саити им одреди 30 дневен притвор.



Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“