Дирона Соколовска: „Пијанистика 1“ е чекор кон модерните тенденции на педагогијата за пијано како дел од културата
Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2022 13:58
Со мини-концерт на ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје и м-р Јована Трајчева, вчеравечер (12 декември), во малата сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје беше промовирана новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска. Промоторки на книгата, која е во издание на „Арс Ламина – публикации“, беа уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска.



Во книгата, освен теориски содржини наменети за објаснување на поимите од теоријата на музиката (тоналитет, скала, акорд, интервал, начини на свирење итн.) и историјата на музиката (конструирање на пијаното, историјат и типови на пијана), се содржат близу 150 нотирани музички дела – нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце.

Со неа ќе се комплетира знаењето што ги опфаќа основите на музичката писменост за пијано.

– Методот за изучување пијано во „Пијанистика 1“ е оригинален, создаден од авторката преку грижливо евидентирање, анализа на податоци и педагошка практика со ученици од најмала до средна возраст, во текот на сопствената 25-годишна работа како педагог по пијано, а со цел ефективно и ефикасно совладување на градивото и усвојување на знаењата. Секоја тематска единица е грижливо обработена и содржи: воведен текстуален дел, кој на корисникот му помага да го поврзе знаењето со претходните знаења; практичен дел – избор нотен материјал од ризницата на светската музика за свирење, наменет за усвојување на новото знаење преку свирење; и заклучен дел – за проверка на знаењето – истакна уредничката Бранка Бугариска.

Дирона Соколовска има дипломирано на одделот за пијано во класата на проф. Лепша Пиперковска, а магистрирала методика на музичката настава, под менторство на проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја. Од 1995 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје, со ученици на возраст од 6 до 18 години. Има искуство и како наставник по методика на музичкото образование и воспитание на Педагошкиот факултет на УДГ Штип и повремени едукативни активности со возрасни почетници. Издавањето на „Пијанистика 1“ е нов, најзначаен момент во нејзината професионална биографија.


Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




