18 Мај, 2024
0.0310

ДИШЕМЕ НА ШКРГИ: Загаденоста на воздухот над дозволеното ниво

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Енормната загаденост на воздухот може и да се види и да се почуствува. Главниот град и утрина обвиен во магла ги приморува граѓаните да дишат на шкриги.

Проблем кој веќе години наназад само се посочува а никој не реагира.

Лисиче и утринава е најзагадено . Покуси од него не се ниту Гази Баба, Ректорат, Карпош и Центар.

Според мерните станици на Министерство за животна средина и просторно планирање загаденоста на воздухот измерена во 08 часот изгледа вака:

Според мобилните апликации нивото на отровни канцерогени честички ПМ 10 и денес е многу висока.


Дозволени концентрации на ПМ10 честички на метар кубен се 50 микрограми.

Скопје, Куманово, Тетово, Битола лани и годинава водеа по загаденоста на воздухот. 

Како било лани?

Во текот на ноември, декември и јануари лани било најзагадено во Македонија. 

Загадување не е регистрирано во јули минатата година и мај кога концентрациите биле надминати само еден ден во Центар.

Во јуни имало загадување 10 дена во Гази Баба, пет кај Ректоратот, 4 во Центар и 1 во Карпош. Во март имало 18 дена загадување во Гази Баба, 12 во Лисиче, 10 во Ректорат, седум во Центар и 4 во Карпош. Во април во Центар е регистрирано загадување 10 дена, кај Ректорат 6, Карпош 4, и во Лисиче 3. Во февруари било загадено 22 дена во Лисиче, 21 во Гази Баба, 20 во Центар, кај Ректорат 19 и 18 во Карпош.

Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа следи Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.

Според мерните станици на Министерството за животна средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош. Во декември загадувањето било големо кај Ректоратот 29 денови, Лисиче 28, Гази Баба 27 и во Центар и Карпош 26. Во јануари, исто така, загадување имало 28 денови во Лисиче, 27 во Центар и Гази Баба, 26 кај Ректорат и 25 во Карпош.

Во октомври бројот на денови со загаден воздух кој го дишеле граѓаните изнесувал 16 во Карпош, 15 во Центар и кај Ректорат, 14 во Гази Баба и 9 во Лисиче. Во септември 14 денови биле загадени  во Карпош, 11 во Центар и Лисиче, 10 во Ректорат.

Во август загадување имало по девет денови во Гази Баба и Лисиче, пет кај Ректорат, 3 во Карпош и 2 во Центар.

Загадување на воздухот има и во текот на првиот месец од годинава. Надминувања се регистрирани во над 20 денови од јануари.

Концентрациите утрово се движат од 197,49 во Карпош, 162,79 во Центар, 148,18 кај Ректорат, 101,57 во Миладиновци, Лисиче 97,99 и 96,88 во Гази Баба.


Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада