ДИСКРИМИНИРАНА Е ПОРАДИ ИМЕТО: Жена од Британија се вика Корона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 12 Ноември, 2020
Британката Корона Њутн (49) вели дека е дискриминирана поради името.
Жената е од Манчестер и го добила името по нејзината бабица. Таа вели дека секој ден се бори со дискриминација поради своето име, пренесува Телеграф.
Корона вели дека никој не ја сфаќа сериозно кога се обидува да резервира маса во ресторан.
Таа доживува непријатности на секој чекор, кога ја носи својата ќерка на стоматолог или оди на родителски состанок.
Наставниците мислеле дека нејзината ќерка се шегува кога ќе каже дека мајка и се вика Корона.
Нејзините родители бидејќи не можеле да одлучат меѓу имињата Сара и Каролина, се договориле за Корона.
Името Корона потекнува од латинскиот збор „круна“, што самиот по себе е позајмица од грчкиот збор „венец“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.