18 Декември, 2025
0.0410

Дивидендата на УНИБанка порасна за 29 отсто! Колку ќе исплати на своите акционери?

Објавено во: Финансии 05 Април, 2023 08:01

Добивај вести на Viber

УНИБанка поставува стандарди и тоа е впечаток на бројни претставници на инвеститорската заедница. Сите искажуваат респект за потегот на раководството на УНИБанка со кое дивидендата се зголеми за 29 отсто, односно едно евро повеќе во споредба со претходната година. Приносот по акција? Солидни 5,2 отсто на последната пазарна цена

УНИБанка ќе ги награди своите акционери со дивиденда во бруто износ од 2,5 милиони евра. Ова е предлогот за кој ќе гласаат сопствениците на акции на таа банка на претстојното акционерско собрание, кое ќе се одржи на 4 мај годинава. Од износот наменет за сопствениците на акции една десетина односно 250.000 евра ќе инкасира и државата преку данокот (персоналец) за домашни физички и (задршка) за странски физички лица.

Со овој потег менаџментот ја прави акцијата на УНИБанка многу конкурентна на акциите на најголемите деловни банки во земјава кои имаат беспрекорна дивидендна репутација.

УНИБанка втора година по ред дели дивиденда, а годинава таа ќе биде 255 денари нето за акција што претставува принос од 5,2 отсто на последната пазарна цена на акцијата. Бруто дивидендата изнесува 283 денари.

Во овој момент акцијата на УНИБанка од аспект на приносот од дивиденда е за 44 отсто поатрактивна од акцијата на друга голема и силна банка која ја објави својата дивиденда.

Сепак мора да се има во предвид фактот дека инвеститорите секогаш даваат предност на компаниите со беспрекорна дивидендната репутација која е обезбедена преку континуитетот во исплата на годишни дивиденди.

И УНИБанка од лани е во групата компании кои делат дивиденда на своите акционери. Вредно да се истакне е дека дивидендата за добивката од 2021 година исплатена лани изнесувала 220 денари (бруто) и годинава ќе биде исплатена дивиденда што е за 28 отсто повисока од претходната година.

Овие информации содржат голем потенцијал за раст на пазарната цена на таа акција во скромната понуда на Македонската берза за хартии од вредност.

УНИ Банка ја имаше својата најдобра деловна година лани. Нејзината добивка изнесува 5,55 милиони евра, а добивката по акција надмина 10 евра. Во споредба со претходната година добивката на УНИ Банка порасна за 56 отсто.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра