18 Декември, 2025
0.0544

Дивидендите го „позеленија“ берзанскиот индекс - МБИ10 расте неколку дена по ред

Објавено во: Финансии 06 Април, 2020 14:37

Добивај вести на Viber

Берзанскиот индекс МБИ10 расте веќе неколку дена по ред. Откако на 27 март минатиот месец тој ја доживеа најниската вредност во овој период, од 3.256,2 поенти, во изминатите неколку дена тој постојано оди по нагорна линија. 

Одредени денови дури имаше и пораст меѓу 6 и 7 проценти, покажуваат извештаите на берзата.

Денеска порастот на берзанскиот индекс МБИ изнесува 4,25 отсто. 

Во петокот минатата недела, пак, неговата вредност затвори во зелено, односно со плус од 6,32 проценти, а сличен позитивен тренд имаше и во претходните денови.

А претходно, на 26 март, МБИ10 завршил во црвено, со негатива од дури 5,3 проценти.

Брокерите со кои разговаравме велат дека главна причина за растот на индексот овие денови се двете владини уредби, со кои се изменија претходните правила на игра што ги воспостави власта, така што сега се дозволува да се одржуваат акционерски собранија, како и да се делат дивиденди за акционерите од ланската остварена добивка.

„Најзначаен фактор се двете владини уредби. Прво, тоа што се дозволи да можат да се одржат акционерските собранија, а второ, што се дозволи дивиденди да можат да делат и фирми со странски капитал после завршувањето на вонредната состојба, како и потврдувањето на дивидендите кои беа предложени од компаниите со домашен капитал, кои ќе се исплатуваат во наредните 30 до 60 дена“, вели за Фактор Васко Митев, директор на Илирика Инвестментс во Македонија.

Според него, други фактори кои влијаат на растот на македонскиот берзански индекс се и неговата поврзаност, односно корелацијата со странските пазари на капитал, што, пак, се должи на намалувањето на бројот на заболени во светот, како и се поизвесното решавање на спорото со нафтата, односно договорот меѓу Саудиска Арабија и Русија, кој ги качува цените на акциите во енергетскиот сектор.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра