19 Декември, 2025
0.0907

dm drogerie markt донира над 1.6 милиони денари за подобри услови за родилките низ земјата

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2022 11:59

Добивај вести на Viber

Компанијата dm донира повеќе од 1.6 милиони денари во опрема и апарати, како и во подобрување на условите за работа во пет јавни клиники во Македонија меѓу кои се: ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурат“ - Гостивар, ЈЗУ Општа болница - Охрид, ЈЗУ Клиничка болница - Штип, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје.

Со оваа донација компанијата има за цел да даде свој придонес во поддршка на мајчинството и на трудниците, односно да им обезбеди подобри услови во сите фази од бременоста. Опремата и апаратите што се користат во гинеколошките одделенија, а кои што сега ќе бидат модернизирани со средства од dm, на медицинските лица ќе им помогнат уште поефикасно да го следат целиот тек на бременоста. Помошта за гинеколошките клиники ќе значи и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето. Идејата на компанијата е да придонесе при креирањето услови за пријатна бременост за секоја жена.

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во која што делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и на здруженија. Годинава го започнавме проектот за обнова и за подобрување на условите во гинеколошко-акушерските оддели на клиниките во Македонија кои се важен дел од здравствениот систем. Во првата фаза од овој проект опфативме пет клиники од кои две во Скопје и по една во Гостивар, Штип и во Охрид. Нашата цел е проектот да го продолжиме во повеќе клиники низ државата. Општествениот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија“ велат од dm drogerie markt.

Опремата и апаратите се веќе испорачани и ќе бидат на располагање во петте јавни клиники низ Македонија.

dm drogerie marktе познат кај широката јавност како компанија што е заснована и која што целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во која што работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во проекти од најразлични области. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА