19 Февруари, 2025
0.0288

Дневница од вработените и тон флаширана вода од Еуростандард банка за поплавените подрачја!

Објавено во: Мои пари 05 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Еуростандард банка со сопствена донација и донација на своите вработени започна хуманитарна акција за помош на населението од поплавените подрачја во Македонија.

Банката испрати еден тон флаширана вода во погодените подрачја, а нејзините вработени донираа по една своја дневница, средства кои преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат искористени за помош на погодените од поплавите.

Под мотото „На Македонија ѝ е потребна твојата помош“ Банката ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се вклучат во хуманитарната акција и да донираат средства на сметката која Банката ја отвори посебно за оваа акција.

„Во овој момент најважно е секој од нас да се вклучи во хуманитарната акција за помош на поплавените подрачја и да помогне колку може. Како банка, ние чувствуваме одговорност да им помогнеме не граѓаните од овие подрачја, но и да овозможиме брз и лесен начин на кој граѓаните би можеле да донираат средства, а се со цел да се обезбеди што поголема помош за погодените од поплавите кои ја зафатија нашата земја.

Од тие причини Еуростандард банка отвори посебна жиро сметка 370011200006379 на која граѓаните можат да ги уплатат своите донации. За сите клиенти на Еуростандард банка овозможено е брзо префрлање на средства од нивната трансакциска сметка на сметката за донации преку услугата е-банкинг.

Нашите вработени први се вклучија во хуманитарната акција издвојувајќи по една своја дневница која ќе биде искористена за помош на поплавените населени места што е добар пример и се надеваме инспирација за сите граѓани на нашата земја да се вклучат во акцијата помагајќи кој колку може.“ – изјави Горан Јосифовски, директор за маркетинг во Еуростандард банка

Корисник на средствата кои ќе бидат собрани на сметката на Еуростандард банка за донации е Црвениот крст на РМ. Според Црвениот крст во прв момент најпотребно е во погодените подрачја да се испрати чиста вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција, додека во понатамошните фази ќе бидат потребни финансиски средства за санација на последиците од поплавите.

Можеби ќе ве интересира

Ракометарите и претседателот Мукаетов, специјални гости на Амбасадарот на САД во Скопје

Ракометарите и претседателот Мукаетов, специјални гости на Амбасадарот на САД во Скопје

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Sprichst du Deutsch? Германска компанија бара „засилување“, може да се работи од сите делови на Македонија

Sprichst du Deutsch? Германска компанија бара „засилување“, може да се работи од сите делови на Македонија

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО НОВА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Samsung Electronics е глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред

Samsung Electronics е глобален лидер на ТВ пазарот 19-та година по ред

Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки