До 13 часот одзивот е 35.29% на избирачко место 2011 во Теарце
Објавено во: Македонија 25 Декември, 2016
Државната изборна комисија(ДИК) информира дека на избирачкото место 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 13 часот гласале 252 гласачи, или 35.29%.
Жителите на Теарце гласаат во просториите на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.
Досега изборниот процес тече мирно.
На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и невладини организации, а забележително е и присуство на припадници на полицијата.
До 10 часот, според Државната изборна комисија (ДИК), на гласање излегле 76 од запишани 714 избирачи, или 10.64%. Нови податоци од ДИК за одзивот ќе има во 17 часот.