19 Декември, 2025
0.0680

ДО ИЗБОРИТЕ И ПО НИВ: Кој ќе владее со општините

Објавено во: Македонија 07 Март, 2017 06:43

Добивај вести на Viber

Неизвесноста со формирањето на нова влада, го искомплицира и одржувањето на локалните избори. Откако вчера, ниту една партија не побара да се свика седница во Собранието, за да се распишат изборите - отворено е прашањето кога ти ќе се одржат. Но, сега се отвора и дилемата како ќе функционираат општините, доколку изборите се одложат, со оглед дека мандатот на градоначалниците истекува.

За да може да се одржат изборите во првата половина на мај, како што предвидува Изборниот законик, тие требаше да бидат распишани вчера.Ова доаѓа оттаму, што во Изборниот законик е наведено дека:

„Од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена“, стои во Изборниот законик.

Но, Изборниот законик натаму предвидува дека изборите може да ги распише само претседателот на Собранието. Тоа е проблем оти Собранието нема избрано претседател, а новиот состав на парламентот одржа само една седница, на која беа само верификувани мандатите на пратениците, по што Трајко Велјановски ја прекина.

Веќе е извесно дека ќе треба да се менува Изборниот законик, за да може изборите да се одложат, или евентуално да се скусат роковите, во кои треба да бидат распишани и одржани изборите, а кои сега предвидуваат од денот на распишување до денот на одржување да не може да поминат помалку од 70 дена, ниту повеќе од 90 дена.

Но, исто така, веројатно ќе биде потребна и промена на Законот за локална самоуправа за со цел да се продолжи  мандатот на градоначалниците и советниците. За тоа пак е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Што значи дека, од формирањето на новото парламентарно мнозинство зависи и одржувањето на локалните избори.

Сепак, дека ситуацијата дополнително е комлицирана покажува и фактот што веќе од 22 март, почнува да им истекува мандатот на градоначлниците избрани во првиот круг на претходните парламентарни избори. Тоа пак значи дека нивните потписи веќе немаат правна основа, а исто е и со советнците.

Решението е во тоа дека градоначалниците ќе треба да делегираат лице во општината на кое ќе му ги пренесат своите надлжености, но не ќе може сите, со оглед дека дел од надлежностите се само на градоначалниците или пак се носат само со одлуки на советниците.

Според, Зоран Дамјановски, потпретседател во ЗЕЛС, зассега е јасно само дека во ваква ситуација, од 22 март, кај градоначалниците кои се избрани во прв круг, а потоа во следниот период и кај останатите градоначалници, кои се избрани во втор или трет круг, во општините ќе може да има само тековни активности, никако развојни. Тоа значи, ќе може да има плата за вработените во општината, но ќе нема вработувања, носења на урбанистички планови, издавања на решенија. Сепак, Дамјановски вели оти сеуште не е прецизно јасно кои надлежности ќе може да се пренесат во одговорното лице, во ваква ситуација но и дека засега немало никаков состанок на ЗЕЛС на оваа тема.

За еветуално прдолжување на мандатот на градоначалниците и советниците во општините,  коипо зако имаат мандат од 4 години, повторно ќее бидат потребни законски измени и формирање на парламенарно мнозинство.  

А партиите и вчера се надмудруваа.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат нови предвремени парламентарни избори кои би се одржалезаедно со локалните, без да се пролонгира рокот, но сепак посочија дека тие за тоа немаат ингеренции. 

 „Закажувањетонови избори или одложување на локалните зависи од мнозинството пратеници кои според досегашните изјави се обединија околу платформата од Тирана вклучувајќи ги и 49 те пратеници на СДСМ заобиколувајќи ја волјата на мнозинството кое гласаше за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија,“велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак чекаат претседателот Горѓе Иванов да се премисли и да им го додели мандатот за да може да се нормализира работата на институциите вклучително и на Собранието.

„Примарно е да се врати уставното уредување на државата, а претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на Зоран Заев и СДСМ за да се нормализираат работите на Собранието и да се избере нова влада. После тоа сите други прашања вклучително и оние за локалните избори ќе се надминат,“ велат од СДСМ.

ДУИ останува на ставот дека локалните избори треба да се одржат, но не појаснуваат какви чекори би се превземале за тоа да се случи.

„Зависи од политичките партии како ќе се одлучат да ги направат понатамошните чекори, сметам дека тие чекори треба да бидат исто така во линија на вредностите, кои се демократските вредности и евроатлантските интеграции на земјата, но како и да се одвива, целиот тек треба да биде конституционален, во рамки на Уставот и во рамки на позитивните закони на Република Македонија“, изјави Теута Арифи.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица