ДО КАДЕ Е НОВАТА ВЛАДА: Хан доаѓа во Скопје да ги провери партиите!
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
Еврокомесарот Јоханес Хан во четврток ќе допатува во земјава.
Иако главната цел на неговата посета не е политичката ситуација, сепак Хан ќе има средби со партиите за да види како им оди формирањето на новиот владин кабинет.
Комесарот за соседска политика и проширување ќе биде дел од министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан.
Досега Брисел во однос на политичката постизборна состојба во земјава повеќепат повтори дека очекува широка владина коалиција за справување со сите предизвици, откривајќи дека меѓу нив е и „решавање на билатералните прашања“, што се разбира дека е спорот за името со Грција