Добивај вести на Viber
Грчката Влада ја разгледува идејата за евентуални конфискации на германски имот како репарација поради Втората светска војна. Чудно, имајќи предвид дека темата за репарациите одамна е правно завршена, анализира за Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) Рајнхард Милер.
Според публикацијата станува збор за згради на Goethe-Institut и на германски училишта во Грција.
Рајнхард Милер го дефинира овој потег како авантуристички и бесрамен, бидејќи темата за репарациите одамна е правно завршена. Грчкиот премиер Ципрас тврди дека по обединувањето на Германија во 1990 година настанале "правни и политички предуслови за решавање на прашањето". Но точно е токму спротивното. Токму со обединувањето на Германија прашањето беше конечно решено. Договорот "Две плус четири" не случајно го носеше официјалното име "Завршна регулатива во однос на Германија".
Според неговите зборови, всушност станува збор за конечниот мировен договор, иако одредени кругови, вклучувајќи и во Германија, не ги одобруваат таквите толкувања. Во моментот на склучување на договорот сите држави кои имаа било какви барања за репарации кон Германија поради војната, требаше навремено да ги поднесат. Како што, впрочем, постапија многу држави.
Уште тогаш се наметна мислењето дека слични претензии поради несомнено ужасни злосторства се несоодветни во рамките на денешниот мирен ред. Не само германските, но и голем број европски судови, вклучувајќи го Меѓународниот суд, со целосна основа одлучија дека прашањето за нови репарации не треба да се крева, забележува тој.
А ако Германија побара пари?
Се разбира, заедно со јасна правна регулатива секогаш останува можноста доброволно да се вршат одредени дополнителни плаќања. Германија од почетокот повторува дека носи одговорност за извршените неправди, кои вака или онака не можат да бидат на разгледување во полна мера - и постојано да плаќала доброволно. Значи секој кој денес повторно се обидува да чека со оваа картичка, треба добро да знае што прави.
Случајот не само дека е завршен - таквите тврдења, особено во време кога го спасуваме еврото, се смешни и опасни. Бидејќи како резултат од грчката криза Германија може да и достави на Атина една доста солена сметка, далеку повисока од заслужените претензии на самите Грци, пишува Рајнхард Милер.
К.К.