ДО КОГА ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВАМЕ ЗА ДА СЕ РАЗДОЛЖИМЕ: Нов долг ќе висне над грбот на граѓаните
Објавено во: Финансии 18 Октомври, 2016 09:17
На еден ден после самото распуштање на Парламентот, Владата од домашните кредитори ќе бара нов заем од 31 милиони евра.
Уште еден долг ќе се запише во историјата на земјава.
Надлежното министерство ќе се обиде да обезбеди 23 милиони евра преку аукција на државни записи, додека на аукцијата на државни обврзници ќе бидат понудени записи од 8 милиони евра, додека утре Владата треба да се раздолжи со 1,8милиони евра.
Од Министерството за финансии тврдат дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.
Реакција од дополнителниот заминк министер Кире Наумов
„Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање.
Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Р.М. на терет на граѓаните да запише нов нето долг.
Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации. За сите злоупотреби на граѓаните ќе има одговорност“, истакна вчера Наумов.
Владата за три години треба да врати близу милијарда евра, а планира да се задолжи со 1,7 милијарди евра Владата во следните три години треба да врати долг од близу една милијарда евра, а истовремено планира да се задолжи за 1,7 милијарди евра, покажува најновата Фискална стратегија на Министерството за финансии. Со тоа, јавниот долг на земјава до 2019 година Министерството за финансии планира да достигне 56% од БДП.
Неодамна Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд посочија дека во земјите во развој како што е Македонија дека вкупниот јавен долг треба да биде до 50 отсто од БДП. Економистите сметаат дека ова ниво на јавен долг е неодржливо и скапо ќе ја чини земјата.
„Јавниот долг веќе не е одржлив, тоа на секого му е јасно. Она што е важно да го знае јавноста е дека ние едноствано плаќаме превисока цена за јавни услуги кои можат да бидат поевтини, и тоа треба да е предмет на дебата.Но она што е непростливо, е што јавниот долг се користи за билдање на економски раст кој во делот на благосостојба на граѓаните, ама баш ништо не значи“, вели Николов.
Од „Finance Think“ посочуват дека во стартегијата нема доволно аргументи околу лимитот за задолжување, што создава перцепција дека постои простор за задолжувања.
„Поистоветувањето на одржливото ниво на јавниот долг со Мастрихтскиот критериум од 60% од БДП, без истото да се аргументира во контекст на локалните карактеристики и намената на веќе генерираниот долг, се чини недоволно аргументирано и непоткрепено со податоци. Спротивно на тоа, ваквото дефинирање на лимитот на јавното задолжување може да создаде перцепција дека постои понатамошен простор за задолжување, што може да биде штетно, доколку таквото задолжување не е строго наменско и во приоритетни продуктивни цели“, посочуваат од „Finance Think“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





