До сега 10 милиони вакцинирани, води Кина, а Бахреин во првите 10 земји
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Јануари, 2021
До сега вкупно 9,95 милиони луѓе во светот ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус, а предводник на ова поле е Кина, најмногубројната земја во светот. Целта на земјите е што побрги да го достигнат нивото од 70 проценти на имунизација на населението, што според експертите е потребно за колективен имунитет.
До сега 4,5 милиони дози примиле граѓаните на Кина, а на второто место е САДсо 2,79 милиони дози до 30 декември. Во Европа прва е Велика Британија со милион вакцинирани жители, а исто толку има и Израел, која води во светот по процентуално најголем број на вакцинирано население со 10 проценти опфатеност.
Меѓу првите десет земји се уште Германија (165.575 дози), Канада (108.253), малата островска земја Бахреин (59.351), Русија (52.000 до 22 декември), Полска (47.600) и Италија (45.677).
Понатаму листата се сели во Јужна Америка со 32.013 дози примени во Аргентина, а продолжува со 29.483 во Данска. Вкупно 24.998 лица примиле единечна доза вакцина во Мексико, а во Португалија добиле 16.701 доза до 29 декември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.