ДОАЃА ЛИ ТОРНАДО ВО МАКЕДОНИЈА?: Попоски предупредува на големо невреме, еве што вели тој
Објавено во: Македонија, Балкан 04 Август, 2023 13:08
Метеорологот Славчо Попоски, предупредува на големо невреме кое освен на Балканот, доаѓа и во Македониј.
„ Најпрвин Словенија, потоа Хрватска, Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија па Македонија утре попладне и навечер ќе биде зафатена од студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.
Од ова невреме во поголем дел од Македоија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.
Од недела ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат (дури за околу 10 степени, а во северните предели локално и за повеќе од 10 степени). Во Алпскиот регион како што и претходно најавивме очекуваме и врнежи од снег.
Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме кое би можело да направи многу штети.
Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и лизгање на земјиштето.
Словенските колеги (метеоролози) овој бран на невреме и студен продор од север го нарекоа “Убиец на летото”, односно со ова сакаат да кажат дека вистинските горештини и лето се позади нас. Исто така и од наша страна беше најавено истото уште пред речиси една седмица“, вели Попоски.
ФОТО: Метеоаларм
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




