09 Октомври, 2024
0.0335

ДОБИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Гиркин се плаши дека ќе заврши како Пригожин

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот националист Игор Гиркин се плаши дека ќе заврши како поранешниот водач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин кој загина лани во авионска несреќа кај Москва. 

Гиркин, човекот одговорен за уривањето на авионот МХ17 над Украина, во авионската несреќа од 2014 година во која загинаа 298 лица, е осуден во Русија. Тој не е осуден за убиство на 298 луѓе, туку затоа што на социјалните мрежи премногу се жалел на раководството на рускиот претседател Владимир Путин во војната против Украина.

Гиркин, провоен руски националист, денеска е прогласен за виновен од московскиот суд под обвинение за поттикнување екстремизам.  Претходно тој е осуден во отсуство во холандски суд за соборување на патничкиот авион МХ17 кој летал од Амстердам за Куала Лумпур во 2014 година. Рускиот суд денеска го осуди Гиркин за критики кон Путин на социјалните мрежи, на четири години во руска казнена колонија. Судењето се одвиваше зад затворени врати.

„Јас ѝ служам на мојата земја!“,  рече Гиркин кога судијата го праша дали ја разбира пресудата.

Додека е во притвор, Гиркин најави дека планира да се кандидира против Путин на овогодинешните претседателски избори во Русија, но неговата кандидатура не е регистрирана. Во интервју за рускиот медиум База, објавено минатиот декември, тој го спомна својот страв дека ќе ја доживее истата судбина како и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина лани по бунтот против Путин.

Гиркин, 53-годишен поранешен  полковник на руската разузнавачка служба кој го носи прекарот Стрелков („Стрелец“), познат е по тоа што ги предводеше руските паравоени сили во украинскиот регион Донбас во 2014 година. Кратко време служеше и како министер за одбрана во Народна Република Доњецк. Во 2022 година, холандскиот суд ги прогласи Геркин и уште двајца обвинети за виновни за убиство од небрежност при соборувањето на патничкиот авион МХ17 над Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица, меѓу кои 196 беа холандски државјани. Тие беа осудени во отсуство на доживотен затвор. Гиркин негираше каква било вмешаност во истрелувањето на проектилот.

По Донбас, Гиркин се претвори во ултра-националистички воен коментатор, критикувајќи ја руската тактика при инвазијата на Украина. Во април 2023 година, тој го основа „Клубот на лути патриоти“, националистичка организација позната по своите критики за неуспехот на руската влада во инвазијата на Украина. 

Инаку, и Пригожин лани летото се обиде да направи бунт и со своите борци тргна кон Москва. Но, на пат кон руската престолнина тој го прекина походот. 

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист