Добивај вести на Viber
Ваквата одлука акционерите на Стопанска банка Битола ја донесоа на вчерашното Годишно акционерско собрание кое се одржа во Битола. Акционерите исто така потврдија дека Банката ја заврши 2013 година со остварена
нето добивка во износ од 21,70 милони денари што споредено со истиот период од минатата година кога банката регистрираше загуба од 146,158 милиони денари претставува значително подобрување на финансискиот резултат.
Активностите на Банката за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и наплата на побарувањата придонесоа за ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето основа во износ од 227,34 милиони денари што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетените побарувања и намалување на нефункционалните кредити. Зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет, како и доброто управување со трошоците, позитивно се одразија врз нето приходите од провизии и надоместоци така што истите се зголемени за 88,97% споредно со претходната година.
Во текот на разгледуваниот период Банката оствари приходи по основ на дивиденди и капитални добивки од продажба на дел од превземениот имот што придонесе за зголемување од 58,34% на останатите приходи од дејноста.
На Собранието беа усвоени финансиските извештаи, како и Годишната сметка на Банката на Банката за 2013 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2014 година.
Во контекст на подобрувањето на финансиските резултати банката во 2014-та, ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот како и контрола на трошоците со цел понатамошно подобрување на финансискиот резултат. Курсот на банката и понатаму ќе биде насочен кон одржување на трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.