31 Октомври, 2024
0.0610

ДОБРА ВЕСТ ЗА ЦРНОГОРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми просечната плата

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Се зголемиле платите во Црна Гора. Просечната нето плата во Црна Гора е 877 евра. 

Просечната црногорска плата без даноци и придонеси во септември, според податоците на црногорскиот Монстат, изнесувала 877 евра и била за 1,9 отсто повисока од август. Просечната бруто плата во септември изнесувала 1,100 евра.

Ако се спореди со истиот месец лани, просечната нето плата во септември бележи раст од 9,6 отсто.

Има раст во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 7,7 отсто, образование за 7,2 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 2,8 отсто, уметнички, забавни. и рекреативни активности 2,7 отсто, бизнис со недвижности 2,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и административни и помошни услужни дејности по 2,2 отсто.

Зголемување има и во секторите сместување и угостителски услуги, 1,8 отсто, трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 1,6 отсто, стручни, научни и технички дејности 1,2 отсто, вадење руди и камен 1,1 отсто, преработувачка индустрија и градежништво по 0,6 отсто, сообраќај и складирање и информации и комуникации 0, 4 отсто и државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 0,3 отсто.

Намалување на просечната нето заработка во септември, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите Водоснабдување и управување со отпадни води за 1,2 отсто, други услужни дејности за 0,8 отсто и здравство и социјална заштита за 0,1 отсто.

Грција пак планира во 2027 година, минималната плата да изнесува 950 евра. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

Директорот на „Пошта“ бара 5 милиони евра помош од Владата

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ФРИШОПОТ ХАЕИНЕМАН ВО ГЕВГЕЛИЈА СИТИ МОЛ: Бизнисменот Николовски открива детали во „Бизнис муабети“ на Фактор

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

ПОТВРДЕН НОВ СЛУЧАЈ НА ПТИЧЈИ ГРИП ВО ЗЛОКУЌАНИ: АХВ издаде и решение за заштитни мерки за болеста син јазик

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

НЕМА МАГИЈА, ИМА САМО ЗДРАВО И СТЕГНАТО РАБОТЕЊЕ - како УСЈЕ достигна профит од 25 милиони евра за девет месеци

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

ЛОВЦИТЕ НА ЗЛАТО ТРИЈАТ РАЦЕ: Ново откритие во Србија

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ кога бев во Вашингтон

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, извоз од 157,7 милиони евра и со инвестиции од 16.5 милиони евра во периодот јануари – септември 2024г.

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Владата тргнува во „пресметка“ со странските онлајн платформи за обложување

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат

Разрешен Трајковски, поставен нов директор на Пазарен инспекторат