ДОБРА ВЕСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: За колку ќе се зголеми минималецот?
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2023
Во новата година ќе се зголеми минималецот.
Како што соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи за Слободен печат, минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.
„Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5 отсто последната инфлација, последниот месец“, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој рече и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена. На едно четиричлено семејство за основни трошоци му требаат над 46.000 денари.
Синдикалната минимална кошница за октомври изнесувала 46.198 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.