05 Декември, 2025
0.2131

Добрите економски податоци го дигнаа индексот S&P над 1.700 поени

Објавено во: Финансии 02 Август, 2013 11:32

Добивај вести на Viber

Благодарение на добрите податоци од американската економија, на Волстрит во четвртокот, индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа новите највисоки нивоа во историјата. Така, индексот Dow Jones зајакна за 0,83 отсто, на 15.628 поени, додека индексот S&P 500 се зголеми за 1,25 проценти, на 1.7006 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,36 отсто, на 3.675 индексни поени, што претставува највисоко ниво во последните тринаесет години. Пробивањето на индексот S&P 500 над нивото од 1.700 поени, првпат во историјата, дојде благодарение на растот на цената на акциите во сите 10 сектори од овој индекс. Најмногу притоа пораснаа цените во секторите поврзани со растот на економијата, како што се финансискиот, индустрискиот и технолошкиот. Доброто расположение на берзите е производ на сигурноста на инвеститорите откако американската централна банка Federal Reserve (Fed) во средата порача дека на економијата и натаму и' е потребна поддршка, и оттаму ќе продолжи да ги спроведува програмите за купување државни и хипотекарни обврзници. Така, американската централна банка инјектира на финансиските пазари месечно 85 милијарди американски долари, евтини пари кои веќе подолго време го поттикнуваат растот на цените на акциите. Лабавата монетарна политика Fed ќе ја води сé додека економијата не застане цврсто на патот на заздравувањето, А откако во средата беше објавено дека растот на амерканската економија во вториот квартал од 2013 година забрзал од 1,1 отсто од претходното тримесечје на 1,7 отсто, во четвртокот беа објавени нови охрабрувачки макроекономски податоци. Институтот за менаџери на порачките (ISM) извести дека неговиот индекс на фабричките активности во САД во јули скокнал од 50,9 на 55,4 отсто, што претставува највисокото ниво во последните две години. „Податоците за бруто домашниот производ (БДП) ги потврдија процените дека растот на економијата забрза во вториот квартал, а јакнењето на индексот ISM во многу области покажува дека ситуацијата дополнително се подобрува. Тоа е главната причина за растот на цените на акциите", вели за Reuters Брајан Амидеи, директор во компанијата „HighTower Advisors". Објавено беше, исто така, и дека бројот на првите барања за помош на невработените минатата седмица паднал за 19 илјади, на 326 илјади, што претставува најниско ниво од јануари 2008 година, што укажува на опоравување на пазарите на трудот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката