ДОЧЕК ВО СТРАВ: МВР со безбедносни мерки за Нова година
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2015
Безбедносните мерки се зголемени во најголемите европски градови пред новогодишниот дочек, а надлежните стравуваат од терористички напад.
Кај нас стравот е помалку изразен, но сепак од Министерството за надворешни работи информираа дека се превземани зајакнати мерки и активности за време на празниците во кои ќе има поголема раздвиженост на граѓаните.
Сообраќајот не се очекува да биде затворен или ограничен на одредени сообраќајници .
Од МВР упатија апел до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.
Како е во светот...
Новогодишен распоред и улични прослави се откажани во Брисел, а се спроведуваат посебни мерки во Париз, Лондон, Берлин и Москва.
Истовремено, турските разузнавачки служби соопштија дека „намирисале“ план за напади во Анкара во текот на прославата.
Австриската полиција соопшри дека една „пријателска служба“ предупредила на ризик од напади во големите европски престолнини.