ДОДЕКА СЕ ЧЕКААТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ОРБАН, „БАЈПАСИРААТ“ ДОМАШНИТЕ БАНКИ, АМА И ЌАРУВААТ - издадена државна обврзница од 48 милиони евра со камата од 5,6 отсто
Објавено во: Финансии 18 Јули, 2024 08:20
Заемот со унгарскиот премиер Виктор Орбан е договорен, ама додека да стигне, мора да „бајпасираат“ домашните банки и фондови.
Како што кажа и самата министерка за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска, државната каса е во лоша состјба, и затоа и Владата го усвои ребалансот на буџетот за оваа година.
Во меѓувреме, потребите за буџетски средства ќе мора да се задоволуваат, и мора да се обезбедат соодветни извори за финансирање, а домашниот пазар на пари секогаш е тука да обезбеди онолку средства колку што ѝ требаат на државата.
Токму и затоа државата пред неколку дена се задолжила на сума од безмалку 50 милиони евра, или прецизно 48 милиони евра на домашниот пазар, преку издавање на 15-годишна државна обврзница. Од денеска таа обврзница ќе котира на Македонската берза, а за тоа известија и од самиот пазар на капитал.
Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, чија вредност е 2,947 милијарди денари, или 47,92 милиони евра.
Парите треба да ги вратиме после 15 години, или прецизно на 11 јули 2039 година.
Она што е интересно прашање е висината на каматната стапка, а таа е дека каматите се повторно високи, односно тие изнесуваат 5,6 отсто. Или речиси двојно повеќе од каматата која Владата на премиерот Христијан Мицкоски ја договори со Унгарија.
А, на почетокот на јуни годинава, додека новата Влада се уште не беше формирана, државата издадела два вида државни обврзници, со вкупна вредност на задолжувањето од близу 26 милиони евра. Едните обврзници беа петгодишни, што значи дека парите и каматите ќе мора да ги вратиме на 6 јуни 2029 година. Нивниот износ беше 9,61 милиони евра, а бидејќи имаат помала рочност, нивната каматна стапка беше пониска и изнесуваше 4,2 проценти. Вторите издадени државни обврзници беа на повисока сума, од 25,87 милиони евра, и тие беа 15 годишни, односно доспеваат на 6 јуни 2039 година. Нивната камтна стапка изнесуваше 5,6 проценти, исто колку што сега се издадени државни обврзници на домашниот пазар, односно пред една недела. Затоа и финансиерите на државата, а тие се домашните банки и фондовите, тријат раце кога таа сака да се задолжува, бидејќи влечат и тоа како одлични камати на нивните вложувања во државните хартии од вредност.
Инаку, премиерт Христијан Мицкоски обзнани дека од очекуваните 500 милиони евра од Унгарија, 250 милиони евра ќе одат за општините и уште толку за бизнисот. Според него, оваа специјална економска соработка со Унгарија е всушност неограничена рамка, пари кои ќе се земаат кога ќе бидат потребни. Кога во јануари идната година ќе доспее за враќање еврообврзницата, ќе се земат уште 500 милиони, а причина што тие средства не се земаат сега, е да не се плаќаат залудно каматите.
Според премиерот, на стопанството му требаат евтини пари, оти кредитите кои во моментов му се нудат се со високи камати, па затоа 250 милиони евра ќе се понудат на компаниите, на кои навистина им требаат. Премиерот објасни дека условите за земање инвестициски кредит се прекомплицирани, но за овие пари ќе биде поинаку. Но, за да ги земат, ќе мораат да испорачаат најмалку нови 5 илјади работни места и раст на производството од пет отсто над стапката на инфлација. Парите ќе бидат исклучиво за инвестиции, за кои фирмите треба да обезбедат свои пари, толку колку што бараат од државата.
Овие 500 милиони евра од Унгарија се со каматна стапка од 3,25 отсто, со три години грејс период и 12 години рок на отплата, што значи дека средствата ќе се вратат за исто време колку домашната обврзница, а нивната камата и другите услови, односно грејс периодот, се многу поповолни.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





