Доделени 8 нови стипендии од енергетските компании за студентите на ФЕИТ
Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2018 14:59
Енергетските компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија, денес, доделија нови осум стипендии на најдобрите студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
За деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, македонското стопанство се повеќе бара електроинженери како кадар.
„Стопанството уште повеќе бара инженери. Постојано сме сведоци на фактот дка многу наши студенти, уште во школски клупи, почнуваат со работи за домашни или странски компании. Тоа само ја потврдува нашата верба во квалитетот кој го нудиме на студентите и на бизнис заедницата. Затоа, ФЕИТ продолжува во иста насока и со исто темпо да образува квалитетен кадар кој уште од студентски клупи ќе се вклучи во процесот на производство и дистрибуција на енергија“, вели професор Ташковски.
Компаниите помагаат ФЕИТ да ја оствари својата мисија на едуцирање квалитетни кадри преку нивна поддршка со доделување годишни стипендии, за кои месечен износ е 6.100 денари.
,,АД Електрани на Македонија, како општествено одговорна компанија, сака да вложува во младите луѓе, сака да помогне во продуцирањето кадар, особено од областа на електротехниката и информациските технологии, како и од други области кои се барани во стопанството и на кои во иднина уште повеќе ќе почива индустријата и целата економија. Бројот на млади луѓе во образовниот процес кои ги помагаме е навистина значителен и ние како компанија и како раководство сме горди на тоа и среќни што можеме да дадеме наш придонес", вели Иван Трпески, директор за развој и инвестиции на АД Електрани на Македонија.
Исто така, Сашо Василевски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на МЕПСО, потенцира дека и оваа компанија е општествено одговорна.
„МЕПСО е општествено одговорна државна компанија. Нашата декларирана заложба за научен прогрес, честопати, нé наведува на активности да помагаме иницијативи од стратешко значење, индивидуалци чии образовни квалификации најавуваат прогресивна иднина. Кај раководството на нашата компанија постои апсолутен консензус и желба да се помогне. И помагаме. Kомплетно го либерализиравме приодот кон оваа, се надеваме двострана и пред сé, искрена академска активност да стимулираме студенти на ФЕИТ во својот интелектуален развој да го подигнат прагот на личните можности, во индексите да впишуваат уште повисоки квалификации и оценки, после студиите да се стават на располагање на државата и да станат дел од нејзиниот енергетски стручен потенцијал. За таквите, успешните, вратите на МЕПСО ќе бидат отворени секогаш“, изјави Василевски.
Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Сашо Стојкоски во своето обраќање пред студентите, ја потенцираше традицијата на доделување стипендии на ФЕИТ.
„ЕВН Македонија, традициoнално, доделува стипендии за најуспешните на ФЕИТ. Доделивме околу 40 стипендии, половина од стипендистите се веќе наши колеги, работат, напредуваат, се развиваат во професионалци подготвени да се носат со сите предизвици во работата. Некои од нив веќе работат на позиции каде што имаат можност да одлучуваат за многу процеси во компанијата. Европското искуство и иновативноста се карактеристики на ЕВН, но она што дополнително ќе ја зголеми нашата вредност се младите образовани и стручни кадри. Тие се новата енергија за подобра иднина. Затоа, вратите на ЕВН се отворени за младите со нови идеи и енергија“, рече Стојкоски.
Можеби ќе ве интересира
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство




