Договорено кој ќе добие „фотелја“: Новите директори ќе се гласаат на Влада
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
Финишира изборот на директори во државните институции. Договорени се кадровските решенија за местата каде Владата именува раководни позиции. За некои од местата, пак каде мандатите се истечени ќе бидат објавени конкурси за избор. Според наши информации можно е уште на денешната владина седница да се расправа и да се гласа за избор на дел од третиот ешалон на извршната власт – договорен меѓу коалиционите партнери. Сепак не е уште потврдено официјално дали точката ќе биде на дневен ред или ќе биде помесетена поради новите предлог мерки од Комисијата за заразни болести. Премиерот Зоран Заев при крајот на минатиот месец изјави дека до 20 октомври односно до денеска очекува да биде завршена процедурата за одлучување за раководните лица во институциите. Денеска е закажана владина седница, но нема многу детали за дневниот ред.
„Еден дел од инстититуциите кои се во надлежност на Владата, ќе се именуваат од Владата. Дел од институциите ќе одат на конкурси, заради тоа што за нив одлучуваат управни или надзорни одбори. Има директори кои ги именуваат во посебни постапки самите министри – на пример раководители на клиники во здравството, дирекции кои се директно под самите министерства. Нашиот план е некаде на почетокот на октомври да почне целата таа постапка со желба до 15-20 октомври да заврши, рече Заев на крајот на септември.
Тогаш Заев тврдеше дека директорите на кои не им е истечен мандатот нема да се менуваат.
Фактор веќе неколку пати пишуваше за поделбата на директорските места меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ. Веќе е договорено и кои позиции ќе ги има Беса, предизборниот коалиционен партнер на СДСМ од албанскиот блок.
Според наши информации од ДУИ, тогаш, Фестим Халили, досегашниот директор на Македонски Железници треба да биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.
Фатон Положани е избор за директор на Македонски Железници, додека Ејуп Рустеми, досегашниот директор на Пошта на Северна Македонија ќе седне во фотелјата на Зоран Китанов во Агенцијата за државни патишта. Според информациите, Беким Мемети ќе биде директор на Македонија Пат, а Фатон Ахмети ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Лирим Шабани треба да е директор на Агенцијата за лекови Малмед, додека како што веќе објавивме Бесим Кока, ќе биде директор на МЕПСО. Фактор пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Тој моментално е финансиски директор на Здравствен дом - Скопје, а во здравствените институции е речиси две децении.
Неодамна вицепремиерот за
спречување корупција, одржлив развој и за човечки ресурси Љупчо Николовски
изјави дека сите што ќе конкурираат за директори на јавни и државни
претпријатија, како и за функции што ги именува Владата, во иднина ќе мора да
поднесат план и програма за работа за да влезат во комбинација за избор на
функцијата. Тој рече дека овој принцип ќе важи од овој момент, односно од сите
следни именувања на функции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.