19 Декември, 2025
0.0373

Доктор Даниловски: КОВИД-19 нема да исчезне, за тоа треба 60 отсто од населението да стане имуно

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020 18:35

Добивај вести на Viber

За проекциите од Универзитет во Сингапур дека во јуни коронавирусот целосно ќе исчезне, доктор Драган Даниловски, епидемиолог, во интервју за ТВ Канал 5 вели дека стручњаците од таа земја што ги правеа проекциите за сите држави, не се доктори, и според него, сосема е погрешна формулацијата дека вирусот ќе исчезне.

„Тој нема да исчезне, туку ќе стивне. Затоа јас реков дека оваа рунда на борбата со вирусот практично човештвото ја добива. Не знам како ќе изгледа со Африка, бидејќи тие се на почеток на пандемијата. Не би рекол дека вирусот ќе исчезне. Тој, според епидемиолошката теорија, би исчезнал тогаш кога населението ќе биде имуно во пропорција 60 до 70 отсто. Но тоа нема да се случи преку ноќ, за тоа можеби ќе требаат година или две, но секако дека ние не можеме да се однесуваме толку рестриктивно и строго и да ги држиме континуирано толку долго мерките за да го задушиме веднаш. Од друга страна, не можеме да ги релаксираме мерките толку за на препад да стане населението имуно, за да не се преоптовари здравствениот систем. Така што, јас мислам со едно мудро попуштање на мерките и ако се случи бројот повторно да се качи пак да се оди на нивно стегање, мислам дека ќе бидеме на добар пат во догледно време да стекнеме колективен имунитет и ако во меѓувреме не се случи да се добие вакцина, за која велат дека е потребна една година од сега или до крај на годинава“, рече доктор Даниловски.

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК