Докторски егзодус - За 5 години 600 лекари заминале во странство за повеќе пари
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 17:10
Според истражувањето на Healthgrouper добиени се загрижувачки податоци за докторски егзодус бидејќи над 600 лекари од Македонија, во последните пет години заминале на работа во Германија или во некоја друга европска земја, а 70 отсто од лекарите размислуваат истото да го направат во следниот период доколку им се укаже шанса.
Ова е регионално истражување што го спроведе Healthgrouper, со помош на средства обебедени од универзитет во Швајцарија во рамки на Регионалната програма за истражувања и исто така со Европскиот универзитет од Израел.
Истражувањето е спроведено во четири земји, Македонија, Србија, Косово и Албанија, а целта на истражувањето беше да се утврди кои се причините заради коишто лекарите заминуваат од нашите земји.
Лекарите заминуваат заради подобри услови за работа, што ги нудат другите земји, заради повисока плата, подостоинствено работење, заради политичката ситуација.
„Трендот на заминување или на миграција на лекарите е присутен во сите четири земји. Во Македонија основните причини поради кои лекарите заминуваат се можностите за професионален развој, можностите за поголема економска соработка и подобар живот за семејствата. Она што е карактеристично во сите четири земји е дека како причина за отселување е и политичките состојби“, рече Владимир Лазаревик, кој ги презентираше резултатите од истражувањето за Македонија.
Едукацијата на еден млад лекар државата ја чини 60.000 евра, а сепак, се дозволува младите лекари да се отселат додека голем број земји имаат развиени политики како да ги привлечат.
На пример, како што појасни Кочо Чакаларовски, директор на Лекарската комора на Македонија, на Германија и недостасуваат 45.000 лекари, па е многу привлечна за македонските лекари. Додоека во Македонија специјализантите плаќаат за специјализација, Германија им плаќа 2.000 до 2.500 евра и им обезбедува сместување во старечки домови, каде навечер работат како дежурни лекари. Германија вработува лекари од нашите земји во руралните делови, затоа што не можат да вработат локален лекар, но и условите таму се подобри од македонските.
Повеќе од 90 отсто од тие што се отселиле немаат желба да се вратат дури и во услови да им се зголемат примањата, а повеќе од 70 отсто од сите лекари кои учествувале во истражувањето и биле прашани „дали сте размислувале да се отселите?“ одговараат со „да“.
Поради овој тренд Македонија и другите земји од регионот се соочуваат со загуба на медицинскиот кадар кој ќе се одрази негативно врз самиот здравствен систем, како што ќе се пензионираат возразните лекари, а младите лекари се отселуваат посебно помалите градови ќе останат без лекари. Во сите четири земји опфатени со истражувањето лекарите не само што има тренд на миграција кон, туку има и миграција од помалите градови кон главните.
За споредба, од Србија, секоја година се отселуваат по околу 600 лекари, во следниот петгодишен период планираат да заминат уште 3.000, а 2.600 се водат како невработени. Во Албанија каде работите се уште полоши, па така според податоците таму има 1,1 доктор на 1.000 жители, сепак висока е невработеноста, затоа што вработувањето оди по партиска линија. Во Косово пак, има најмалку податоци, затоа што нема институција која може да ги собере тие податоци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски
Милошоски: Нема да има мигрантски кампови во Македонија
Кузеска: Никој не му дал право на Мицкоски да преговара за мигранти
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка





