Добивај вести на Viber
Вредноста на доларот се зголеми на највисокото ниво во изминативе три ипол години во однос на јенот, како резултат на шпекулациите за подобрување на состојбата на пазарот на труд во САД.
Јенот е на пат да забележи неделно намалување во однос на сите основни валути, откако податоците покажаа зголемен трговски дефицит во Јапонија трет месец по ред. Со ова продолжуваат напорите на јапонската влада да ја намалат вредноста на националната валута.
Очекувањата на експертите се сека пазарот ан труд во САД ќе порасне за нови 165.000 работни места во февруари, по зголемувањето од 157.000 претходниот месец. Нивото на невработеност се очекува да се задржи на 7.9%.
"Колку во подобра форма е американската економија, толку побрзо ФЕД ќе заврши со паричните си стимулации и американскиот долар ќе поскапи", коментира Шон Калоу, главен монетарен стратег во Westpac Banking Corp, цитиран од Bloomberg.
"Движењето на долар наспроти јенот е омилен валутн пар за поскапувањето на американската валута", додава тој.
Доларот се зголеми за 0,6% до 95,43 јени и е исклучително блиску до највисоката вредност од август 2009 година. Тој се зголеми со 0,1% во однос на еврото до 1.3093. Европската валута поскапе со 0,5% до 124.95 јени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.