ДОЛГ ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Највисоко ниво од 2005 та година !
Објавено во: Финансии 04 Февруари, 2014 08:18
“И со овие објавени бројки ние ја немаме целосната слика за состојбата со долговите. Овој показател од 34,3 отсто ги зафаќа само долговите на Владата и на Фондовите. Каде се долговите на Јавните Пртепријатија и на Општините?. Податоците не се ранспартенти и станува збор за манипулација“ – вели за “Фактор“Петар Гошев ,еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер.
Според него, во моментов Вкупниот Јавен долг, кој ги зафаќа и долговите на Јавните претпријатија, општините, државните фирми е поголем од 45% од Бруто Домашниот Производ.
“Јас би прашал колку должи здравството по основ на доспеани побараувања кои не се платени а не се ниту калкулирани во долгот? Бројката не е позната но сметам дека станува збор за долгови од 50 милиони до 100 милиони евра. Во средината на 2013 та година имаше показател според кој Јавните претпријатија само кон надвор должат 400 милиони евра, останува нејасно колку должат и дома по различни основи. Сите овие бројки не се вклучени во она што сега го објавува Министерството за финансии“ – вели Гошев.
Според Гошев, не треба да се игнорира и новото задолжување за изградба на двата автопати. Кинескиот кредит, според екс-гувернерот нема да книжи како долг на Централната Влада, но тој сепка ќе биде долг на товар на Јавното Претпријатие за патишта, кои исто така е под државна капа. Според проценките на Гошев, отако ќе почне реализацијата на прокетот, во период од три години, во просек ќе се повлекуваат по 200 милиони евра, пари кои ќе треба да се враќаат во годините што следуваат.
Неодамна “Фактор“ објави детаљи од новата Програма за работа на Народната Банка, со која се предвидува со поголем број на показатели и поголем фокус на оценката за ризиците, да се засили следењето на трендот на задолжувања.
“НБРМ ќе изготви т.н “Стохастичка анализа на одржливоста на долгот којашто овозможува анализа на динамиката на јавниот долг и факторите што влијаат врз него, потоа користење фискален модел за симулации на фискална консолидација или експанзија и вклучување стрес-тест сценарио за влијанието од фискалните трошоци од финансиска криза врз патеката на јавниот долг “ – пишува во Програмата на Народната Банка.
Еве како се движеше трендот на раст на јавниот долг на Централната Влада :
Во буџетската 2014 та и 2015 та година, според Владата јавниот долг ќе се движи околу 34% а 2016 та година би изнесувал 37,6 %.
Неуспешен обид за отчетност?
Минатата недела опозициската СДСМ инцираше собраниска дебата за состојбата со државните долгови. Според тврдењата на пратениците од оваа партија, од 2008 година двојно се зголемила вредноста на јавниот долг. Освен за трендот на пораст, опозиционерите обвинија дека надлежните институции не ги објавуваат податоците за јавниот долг, односно дека Владата вештачки го намалува точниот износ на јавниот долг и ги надминува таргетите за управување со долгот.
“Се објавува само долгот на централната влада, што е дел од јавниот долг. Податоци покажуваат дека од 2008 година долгот е практично дуплиран и изнесува 2 милијарди и 727 милиони евра, или 34 проценти од БДП – изјави Марјанчо Николов од СДСМ.
Според Николов, Владата се обидува преку префрлување на дел од долговите од државата на јавните претпријатија во државна сопственост да го намали и да го скрие долгот на Централната влада.
Овие тврдења за пратениците од владеачкото мнозинство беа оценети како неиздржани.
“Кажавте дека државата зема кредити, но не и оти враќа пари од кредити што ги зела вашата влада. Како може да кажете дека сме го зголемиле долгот, вие кога бевте на власт тој изнесуваше 38 отсто. Сега е 34 отсто и тоа се непобитни факти“ - оцени пратеникот Ромео Тренев од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорката на Светска банка за Македонија, Татјана Проскурјакова, во однос на задолженоста на земјата неодамна изјави дека јавниот долг е во безбедна зона, но препорача државата да ја оствари планираната фискална стратегија за намалување на долгот и минусот во државната каса. Меѓународните финансиски институции порачаа дека треба да се внимава и во менаџирањето на натамошните задолжувања на Јавните претпријатија.
А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





