05 Декември, 2025
0.0552

Долговите кон домашните кредитори за прв пат надминаа 1 милијарда евра!

Објавено во: Финансии 04 Декември, 2013 08:15

Добивај вести на Viber

Државата се задолжи со нови 98 милиони евра. По вчерашната аукција на државни записи и обврзници од домашните кредитори позајми повеќе отколку што бараше. Денеска, по основ на доспеани долгови треба да врати 80 милиони евра, по што во трезорот ќе останат уште 20 тина милиони, нов прокнижен долг.

Во октомври, за прв пат, долгот на Владата кон домашните кредитори надмина 1 милијада евра, односно, заклучно со десеттиот месец од годинава изнесува 1 милијада и 33 милиони евра.

Вкупниот Јавен долг на Централната Влада во овој период изнесува 2 милијарди и 736 милиони евра, и претставува досега највисоко измерено ниво. Анализата на податоците укажува на тоа дека во октомври има намалување на надворешната задолженост на сметка на зголемување на внатрешните задолжувања. Еве каква е состојбата со долгот :

Јавен долг на Централна Влада     2 милијарди 736 милиони евра

Надворешен долг                             1 милијарда  600 милиони евра

Внатрешен долг                                1 милијарда  136 милиони евра

Со објавување на новата Фискална стратегија, Владата најави дека планира да се сврти кон задолжувања на домашен терен. Сепак, догодина не е исклучена можноста да се издаде и Еврообврзница, но тоа, според оценките на власта ќе зависи од условите на меѓународниот финансиски пазар.

Клучни домашни кредитори на Владата се банките, приватните пензиски фондови и осигурителните компании.

Секое ново задолжување е потврда дека Владата бара начин како навреме да ги исплаќа платите, пензиите, субвенциите – велат од опозициската партија СДСМ “Почнувајќи од 2008, само за 5 години, владата на ВМРО-ДПМНЕ го дуплираше јавниот долг. Груевски и Ставревски потпишуваат документи со кои секоја година не' задолжуваат просечно по 270 милиони евра. Владата ниту во еден момент не помислува да му помогне на стопанството и овие средства да ги остави кај банките и другите инвеститори “ – изјави Кире Наумов од СДСМ. Според него  само во време траењето на неговата вчерашна прес-конференција веќе сме задолжени за нови 1.500 евра. „Кога ќе си легнете вечер бидете сигурни дека денот завршил така што имаме поголем долг за 750 илјади евра, затоа што за толку просечно секој ден Груевски зема кредит на име на сите граѓани“, рече Наумов. Реагираа од Вмро Дпмне “Има три факти кои СДСМ не може да ги побие со ниту една статистика. Прво, во нивно време државниот долг беше повисок. Во 2005 та тој изнесуваше 38,4% од БДП, додека денес изнесува 34,5% од БДП. Второ, пред да започне светската економска криза Владата на ВМРО ДПМНЕ работеше домаќински и ги исплати предвреме долговите кои ги направи СДСМ, и трето Македонија останува четврта најниско задолжена земја во Европа“ – се вели во реакцијата на владеачката партија.

За разлика од политичкото мерење на мускулите на оваа тема, експертската јавност иако посочува дека земјава сеуште е во зоната на умерена задолженост, предупредува да запре натамошното темпо на задолжувања.

 Контра реакција на СДСМ

Највисокиот долг од осамостојувањето на Република Македонија го остварил Никола Груевски кој како министер за финансии ја задолжи Македонија со рекордни 49% од БДП. Тоа е единствен факт. Кога сме кај пиљарските математики, го повикуваме ВМРО – ДПМНЕ нека демантира ако може дека не ја задолжува државата просечно дневно по 750 илјади евра, или секоја минута по 500 евра. Таа математика може да ја направи секое дете кој долгот од 1 милијарда и 350 милиони евра ќе ги подели на 5 години.

А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката