05 Декември, 2025
0.0333

ОТПИС НА ДОЛГОВИ: На кои граѓани ќе им бидат отпишани кредитите?

Објавено во: Финансии 25 Јуни, 2014 08:48

Добивај вести на Viber

Банкарите ги почнаа пресметките – дали е исплатливо да се вклучат во операцијата за бришење на долговите за одредени граѓани, што ќе добијат, а што ќе изгубат. Во очекување на финалното законско решение со кое треба да се обезбеди можност за отпис на долгови, дел од банкарите велат дека секоја банка ќе направи сопствена проценка на состојбата.
“Вклучувањето во операцијата за отпис на долгови ќе биде на доброволна основа. Според она што го кажаа владините претставници ние како банки ќе треба да ги отпишеме долговите на граѓаните за кои ќе одлучи Владата а потоа преку инструментот  “даночен кредит“, државата ќе не ослободи од данок намален за 10 проценти од вкупната вредност на отпишаните долгови“ – коментираат за “Фактор“ дел од банкарите.
Пред да се вклучат во постапката за бришење на долгови, банките како доверители најпрво ќе потпишат договор со Владата со кој доборволно ќе се приклучат кон оваа операција. Банкарските долгови ќе бидат отпишани само за следниве категории на граѓани: корисниците на социјалната парична помош и на постојана парична помош, лица кои бараат работа повеќе од 12 месеци и лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност. Дополнителен критеруим за невработените и изложените на социјален ризик е  во 2013 година заедно со брачниот другар  не треба да имаат остварено приходи поголеми од 105.600 денари, што е еднакво на годишен износ на минималната плата. Исто така, не треба да поседуваат друг имот освен тој во кој живеат.
“Прво ги чекавме критериумите, врз основа на кои што треба да се одредат кои лица ќе бидат опфатени со мерката, и сега секоја банка поединечно ќе си пресмета колкаво е нивото на кредитирање. Во секој случај преелиминарните бројки не се големи“ изјави Ѓорги Јанчевски, директор на Тутунска банка.
Од аспект на видот на банкарскиот долг, новото законско решение ќе опфати три видови на задолжување: по основ на кредитни картички, минусни салда на тековна сметка и потрошувачки кредити без хипотекарно оптоварување. Сепак и тука ќе се постапува според одредени критериуми, односно, можноста за отпис ќе однесува само на две категории на нефункционални кредити  “Г“ и Д“.
“Станува збор за нефункционални кредити за кои подолг период има проблеми во наплатата. Така,  категоријата “Г“ ја сочинуваат  кредити кај кои има доцнење во наплатата повеќе од 240 дена, а кај кредитите од “Д“ категорија доцнењето во редовната исплата е повеќе од 300 дена. Сепак, треба да се посочи дека за да се отпишат овие долгови прво треба да се исполнат условите, односно критериумите за социјалниот статуст на должникот, што ги постави владата“ – објаснуваат банкарите.
Според првичните информации, во однос на банкарските долгови, како најзасегната категорија на граѓани би биле оние кои земале кредит, но во меѓувреме им се влошила финасиската состојба поради смрт на брачен другар или инвалидност или останале без работа повеќе од една година. Банкарите посочуваат дека токму поради кризата и зголемените ризици во периодот што измина биле внимателни во одборување на кредитите, односно оценување на кредитната способност на клентите за навремено враќање на долговите. Мајски податоци на НБРМ Во меѓувреме најновите мајски податоци на Народната Банка покажуваат дека минатиот месец во однос на април е регистриран позначаен пораст на нефункционалните кредити за повеќе од 27 милиони евра. Заклучно со мај нивото на сомнителните и спорни побарувања изнесува нешто повеќе од 456 милиони евра, додека во април салдото било 428 милиони евра. Според гувернерот Димитар Богов, порастот не е загрижувачки во однос на бројките во регионот.
“Тоа има влијание и врз апетитот на банките и идниот кредитен растеж и врз капацитетот за раст на целата економија. Затоа секоја нова практика за намалување на нефункционлните кредити е добредојдена“ оцени гувернерот Богов.
Растот на нефункционалните кредити, според НБРМ главно е резултат на влошување на состојбата кај фирмите.
“Како резултат на умерениот раст на нефункционалните кредити на претпријатијата, во април се забележува зголемување на учеството на сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити, наспроти намалувањето коешто беше забележано на крајот на март.“ – оценува НБРМ.
Според дел од банкарите најпоптмистичко сценарио за нефункционалните кредити е доколку тие останат на сегашното ниво, односно доколку нема натамошно зголемување.  Според податоците на НБРМ, во мај се забележува пораст на сомнителните побарувња и кај денарските и кај девизните кредити. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката