ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК ВО ЕУ: Во која земја најмногу работат жените, а во која мажите?
Објавено во: Економија 29 Јули, 2024
Жените во Шведска имаат најдолг работен век, а истото важи за мажите во Холандија.
Мажите најдолго работат во Холандија (45,7 години), Шведска (44,1 година), Данска и Ирска (42,8 години). Жените работат најдолго во Шведска (41,9 години). Холандија и Естонија (41,5 години), а најкратко – во Италија (28,3 години), Романија (28,5 години) и Грција (30,6 години).
Според податоците на Евростат, работниот век е најдолг во Холандија, односно 43,7 години, а најкус во Грција – 34,2 години.
Понатаму работниот век во Шведска е 43,1 година и Данска – 41,3 години. За споредба, во Романија просечното времетраење на активното вработување е 32,2 години, во Италија – 32,9 години, а во Хрватска – 34 години. Недалеку од нив во рангирањето на најкраткиот професионален живот се во Бугарија и во Грција – со 34,2 односно 34,5 години.
Во просек низ ЕУ, од мажите се очекува да работат подолго од жените – 39 години во споредба со 34,7 години.
foto freepik.com/konstantinraketa