31 Јули, 2024
0.0253

„МАКЕДОНИЈА ТРАДИЦИОНАЛНО ГИ ОДРЖУВА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НИСКИ“: Нѐ бие добар глас на Балканот

Објавено во: Економија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Цените на горивата значително се разликуваат од земја до земја во Европа, па ако на вашето патување поминувате низ неколку земји, препорачливо е да пресметате кога и каде ќе наполните гориво за да ја добиете најдобрата можна цена, пишува Данас.рс.

Според податоците на веб-страницата „Каргопедија“ ажурирани на 22 јули годинава, цените на горивата се убедливо најповолни во Русија и Белорусија, додека највисоки се во Исланд, Данска, Холандија и Швајцарија.

Како се движат цените на горивата во регионот?

Што се однесува до земјите од регионот, цените се доста разновидни.

Според податоците на истата веб-страница, цената на литар дизел во Босна и Херцеговина е околу 1,3 евра, додека на бензинот е околу 1,4 евра. Цените и на дизелот и на бензинот во Хрватска се околу 1,6 евра.

Во Албанија цената на дизелот е околу 1,8 евра за литар, исто колку и бензинот, додека во Бугарија двата вида гориво се околу 1,3 евра за литар.

„Македонија традиционално ги одржува цените на горивата ниски, па литар дизел е околу 1,2 евра, додека литар бензин е околу 1,3“, пишува медиумот.

Во Романија и дизелот и бензинот се околу 1,5 евро.

Кои се цените на горивата во остатокот од Европа?

Од останатиот дел од Европа, најважно за граѓаните кои ќе одат на одмор во Грција, е како се движат цените на горивата таму. Во оваа земја литар дизел чини околу 1,7 евра, додека литар бензин 1,9 евра.

Во Словенија цените на двата вида гориво се движат околу 1,6 евра за литар.

Дизелот во Франција е 1,7 евра за литар, додека бензинот е 1,8 евра. Во Германија цените се нешто поповолни, па литар дизел е 1,6 евра, а бензинот околу 1,8.

Во Италија дизелот е 1,8 евра, додека бензинот е 1,9 евра за литар.

Деталните цени за европските земји може да ги погледнете тука

Данас.рс


Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОРАСНА ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАЊАТА: но некогашниот мотор - Германија бележи пад

ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОРАСНА ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАЊАТА: но некогашниот мотор - Германија бележи пад

РИО ТИНТО НЕ Е ЕДИНСТВЕН: Во Србија досега издадени 69 решенија за истражување литиум

РИО ТИНТО НЕ Е ЕДИНСТВЕН: Во Србија досега издадени 69 решенија за истражување литиум

ДОДЕКА НЕ БИДЕ ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ, НЕМА ДА ПОЧНЕ ИСПЛАТАТА НА ПОВРАТОТ НА ДДВ - диреркторката Петрова вели дека нема пари во буџетот

ДОДЕКА НЕ БИДЕ ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ, НЕМА ДА ПОЧНЕ ИСПЛАТАТА НА ПОВРАТОТ НА ДДВ - диреркторката Петрова вели дека нема пари во буџетот

ОКТА го исчисти „Пуцко петрол“, а „Хеленик петролеум“ плаќа фер цена на малите акционери, 100 евра за акција!

ОКТА го исчисти „Пуцко петрол“, а „Хеленик петролеум“ плаќа фер цена на малите акционери, 100 евра за акција!

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО НАДЗОРНИОТ И УПРАВНИОТ ОДБОР НА МЕПСО: еве кој ќе биде претседател и директор на УО

НОВИ ЧЛЕНОВИ ВО НАДЗОРНИОТ И УПРАВНИОТ ОДБОР НА МЕПСО: еве кој ќе биде претседател и директор на УО

БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И БЕЗ РАБОТА: најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

БЕЗ ОБРАЗОВАНИЕ И БЕЗ РАБОТА: најголем број меѓу невработените се лицата кои не успеале да заврштат ниту основно

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Испратиле писмо до Русија

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ЧЛЕНСТВО ВО БРИКС: Испратиле писмо до Русија

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДОЛЖЕНА ЗЕМЈА ВО ЕУ: Кои други држави се во нејзино друштво?

ГРЦИЈА Е НАЈЗАДОЛЖЕНА ЗЕМЈА ВО ЕУ: Кои други држави се во нејзино друштво?

ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК ВО ЕУ: Во која земја најмногу работат жените, а во која мажите?

ДОЛЖИНА НА РАБОТЕН ВЕК ВО ЕУ: Во која земја најмногу работат жените, а во која мажите?