ДОМ: Веднаш да се воведе бесплатен автобуски превоз, Скопје е презагадено
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2017 14:10
Зелената партија ДОМ бара веднаш градските власти да воведат бесплатен автобуски превоз во Скопје бидејќи воздухот и понатаму е алармантно загаден и штетен по здравјето на луѓето.

Тоа што снежните врнежи овозможија неколку дена да дишеме почист воздух, не значи дека проблемот со аерозагадувањето е решен. Повторно дишеме неколку кратно над дозволените граници загаден воздух, што е причина за 1300 смртни случаи годишно, велат од ДОМ.
Со воведувањето задолжителни електронски билети ЈСП Скопје создаде хаос во градскиот превоз. Граѓаните се жалат на недоволна информираност, недостаток на електронски картички и продажни места за нив. Тие се принудени да користат автомобилски транспорт со што уште повеќе се зголемува аерозагадувањето, додаваат од ДОМ.
Стимулирањето на користењето на јавниот транспорт е важна мерка за намалување на аерозагадувањето. Затоа ДОМ во 2013 година спроведе кампања “Јас се возам со автобус” и предложи воведување Зелен дневен билет, по цена од 60 денари, со важност од 24 часа, за сите линии и Семеен викенд билет, по цена од 250 денари, за сите линии, за време на викендот, порачуваат од партијата.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




