25 Ноември, 2024
0.0268

ДОМА СИ Е ДОМА - ќе ги замениме ли летово грчките плажи со охридското синило

Објавено во: Економија 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Државите во кои најчесто летувавме се уште ги токмат правилата кои ќе важат за странските туристи. Кога и како во Грција или во Хрватска, ќе се отворат ли границите, какви ќе бидат условите, ќе биде ли многу поскапо и покмплицирано, или можеби поевтино и не толку сложено, се прашањата кои ги мачат македонските граѓани.

Дел од нив затоа решија овој тип на главоболки да ги заменат со постепено размислување за летување во сопствената држава. Охрид, Дојран, Преспа, можеби на планина или во некое рурално подрачје.

А зошто и да не се смени токму ова лето од морскиот амбиент, кој досега најчесто се практикуваше.

За да им помогне на дел од домашните граѓани со пониски примања во услови на економска криза поради коронавирусот, но и на домашните туристички капацитети, Владата вчера реши 100 илјади наши граѓани да добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари, како и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

„Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари месечно и немаат други приходи. 
Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, објаснија од власта, презентирајќи го третиот сет економски мерки.

Дали се подготвени охридските хотелиери годинава да примат зголемен број туристи, како што се очекува поради потешките услови за летување во странство, прашавме дел од нив. Хотелот „Гранит“ кој се наоѓа на Охридското крајбрежје би можел веднаш да почне со работа.

„Подготвени сме и утре да почне сезоната“, вели за Фактор Пере Кутаноски, управител на хотелот „Гранит“.

Но, како што нагласува тој, се уште не се знае кога за хотелите ќе биде дозволено да стартуваат со работа, и под кои услови. Сите аранжмани што биле резервирани за овој месец, за странски туристи, веќе 90 отсто се откажани, бидејќи и во нивните држави се чека правилата на однесување да ги соопштат нивните влади.

„Се уште не се знае кога би биле отворени хотелите. Се очекува да почнат со работа во јуни. Нашата надеж оваа година ќе бидат домашните туристи. Се надеваме дека ќе се смири пандемијата и дека хотелите ќе можат да работат“, вели Кутаноски.

За владината мерка за ваучери за домашен туризам тој смета дека е позитивна и дека ќе им помогне на хотелите и на другите сметстувачки капацитети во земјава. 

„Секако дека е позитивна таа мерка. Бидејќи е наменета за граѓаните со пониски примања, таа можеби ќе им овозможи летување на оние лица кои досега тоа не можеле да си го дозволат. Така што, во секој случај е позитивна и ќе помогне за домашниот туризам“, објаснува Кутаноски.

Дел од туристичките агенции во земјава, а кои досега главно работеа со Грција, веќе ги ставаат во своите пакети и понуди и домашните хотели. Сепак, велат од туристичките агенции со кои разговаравме, проблем е што хотелите се уште не работат, па не се знае од кога би се резервирале првите летувања.

Дека оваа година многумина ќе се определат за домашен туризам смета и Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Видовме што направи КОВИД-19 во целиот свет. Дури 150 до 160 држави се зтворија во своите граници. Авиокомпаниите нема да имаат редовни летови се до 15 јуни, а дотогаш остануваат затворени и границите, освен доколку некои земји не склучат меќу себе поинакви билатерални договори. Од сето ова се наметнува логичен заклучок дека многу граѓани за летување во оваа година ќе ги искористат домашните капацитети“, вели за Фактор Јаневски.

Според него, и додека не постоеше коронавирусот, односно во минатата година, бројките говорат дека 38 отсто од вкупниот број туристи во земјава биле домашни, но тие оствариле дури 51 отсто од вкупните ноќевања, или 1,6 милиони. Ова значи дека секој турист во една дестинација се задржувал просечно по четири дена.

„Наметнатите услови поради КОВИД-19 оваа година ќе доведат до кратки семејни патувања, со автобус или автомобил, а туристите најмногу ќе бидат заинтересирани за природа, за помали сместувачки капацитети, за рурален и еко туризам, како и за сите одржливи, односно активни форми на туризам, како што се возење велосипеди, пешачење, качување по карпи, параглајдери и слично. Во сите наши туристички центри се очекува посетите од домашните туристи да бидат поголеми, и туроператорите и туристичките агенции многу брзо да ги прилагодат своите аранжмани според можностите на домашниот пазар“, вели Јаневски за Фактор.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја воведува и кампањата „Дома си е дома“, со која ќе понуди веќе знајни и незнајни туристички дестинации во земјава, како и атракции кои немаат сезоналност и можат да се одвиваат во текот на целата година.

„Се надеваме дека состојбата со коронавирусот ќе биде во надолна линија и веќе од почетокот на јуни, полека, туристичките капацитети ќе почнат да се полнат со туристи. Всушност, за 2020 година доминатно се очекуват домашни туристи, а во зависност од тоа како ќе се отвораат границите, се очекува да доаѓаат туристи и од соседните земји“, вели Јаневски за Фактор.

А кога станува збор за оние што сепак ќе одберат да заминат на море, министерот за здравство Венко Филипче, деновиве објасни дека патувaњата во Грција ќе бидат под одредени услови, за што се подготвува документ. Тој рече дека во наредните денови документот ќе биде испратен до епидемиолозите и на Македонија и на Грција, по што ќе бидат дефинирани сите услови и ќе се финализира.

Пандемијата на корона вирусот, во Хрватска, пак, го направи своето, па земјата, како и другите држави, прави се за да може колку толку да ја спаси туристичката сезона, која речиси е уништена. Последното истражување во Хрватска покажува дека ова лето ќе биде сезона на ниски цени.  

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“