05 Декември, 2025
0.1413

„Домаќинства со повисоки примања прават над половина од непријавениот приход“: Фајненс тинк анализира „250 милиони евра помалку во буџетот“

Објавено во: Финансии 12 Јули, 2024 13:46

Добивај вести на Viber

Во Македонија неформалните работници се наоѓаат во секторите земјоделство, градежништво и трговија, кои работат во мали претпријатија и функционираат како самовработени поединци или неплатени семејни работници, заработувајќи под законски задолжителната минимална плата. 

Ова се дел од наодите  на студијата „Грануларно испитување на неформалната економија во Македонија: Увид во неформалните работници, непријавената работа и нецелосното пријавување на доходот во домаќинствата“, изработена од Фајнанс тинк, Институтот за економски истражувања и политики во Скопје.

Потенцираат дека во нивната анализа не се опфатени само неформалните работници туку ги вклучува и неформалните практики на формалното вработување. 

- Проценките покажуваат дека непријавената работа сочинува приближно 21,1 проценти од вкупниот инпут на работна сила или 69,7 милијарди денари во однос на бруто додадената вредност (БДВ). 

Тоа се, околу 250 милиони евра изгубен годишен приход во буџет, само по таа основа.  Распространета е низ разни сектори, со најголем обем во апсолутна смисла во преработувачката индустрија. Наодите укажуваат на разни манифестации на непријавената работа низ секторите, во преработувачката индустрија главно како „плата во плико“ - се наведува во истражувањето.

Притоа е посочено дека подолго време во јавноста циркулираат наоди за големината на сивата економија, според кои таа се движи од 20 до 40 отсто од вкупната економија, меѓутоа овој податок сам по себе е неупотреблив, ако не се знаат формите во кои таа се појавува, со цел да се дизајнираат конкретни и целни мерки за нејзиното сузбивање.

Студијата се фокусира врз два аспекти, и тоа непријавената работа и нецелосното прикажување на доходот кај домаќинствата.

Притоа, треба да се забележи дека непријавената работа се јавува во две форми: целосно непријавена работа како неформални работници или популарно „работници на црно“, и нецелосно пријавена работа, односно формални работници кај кои дел од доходот или некој друг аспект не се формализирани и чија најчеста форма е „плата во плико“, односно надополнување на формално-примената плата со исплата во готовина.

Неформалните работници во Македонија сочинуват 11,8 проценти од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи плата под минималната. Овој вид работници претежно се мажи со низок степен на образование, освен кај неплатените семејни работници кадешто доминираат жени.

Што се однесува до нецелосно пријавените приходи во домаќинствата, анализата истакнува драматични разлики меѓу видовите приходи. Вкупно, 9,7 милијарди денари (158 милиони евра) остануваат непријавени. Приходите од вработување имаат минимална улога, со само 3,7 проценти непријавени приходи, но во апсолутна смисла околу 6,8 милијарди денари (111 милиони евра). Во релативна смисла назнајчајни се приходите од изнајмување (кирии) со стапка на непријавување од 70,4 проценти, што е еднакво на 300 милиони денари (4,9 милиони евра). Непријавените приходи од самовработување се проценети на износ од 7,8 проценти или 2,6 милијарди денари (42,3 милиони евра).

- Овие разлики варираат меѓу групите на домаќинства, при што домаќинствата со повисоки приходи значително придонесуваат во непријавениот приход од вработување, кој изнесува околу 5,6 милијарди денари, што претставува повеќе од половина од вкупниот непријавен приход. 

Освен тоа, додека домаќинствата со „бела јака“ покажуваат поголема склоност кон нецелосно пријавување на видовите приходи, домаќинствата со пониски приходи покажуваат повисоки стапки, но придонесуваат помалку во вкупниот непријавен приход поради нивните пониски просечни приходи. Овие наоди ја нагласуваат потребата од насочени интервенции на политиките, со посебни стратегии приспособени да го намалат нецелосното пријавување во различни групи на приходи, а со тоа да поттикнат даночна усогласеност и да ги зајакнат државните приходи за одржлив развој - е наведено во истражувањето.

Наодите ја нагласуваат потребата од сеопфатен пристап на политиките, приспособен да одговори на различните аспекти на неформалната економија во Македонија. Усогласувањето на политиките со структурната динамика на непријавената работа е од клучно значење. Во секторите како што се трговијата на големо, трговијата на мало и поправка на возила, олеснувањето на започнувањето бизнис преку насочени иницијативи, како што се специјализирани програми за финансиска помош и бизнис поддршка, би можело ефективно да промовира формализирање. Спротивно на тоа, секторите како преработувачка индустрија и градежништвото бараат строг мониторинг за да се справат со нецелосно декларираните плати, што бара координирани напори од Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи. Дополнително, насочените интервенции, вклучително и засилено следење на приходите од вработување и едукативни кампањи за различни групи приходи, се од витално значење за да се намали недоволното пријавување на приходите и да се зајакне даночната основа.

Истражувањето користеше податоци од Анкетата за работна сила и од структурните деловни статистики, надополнети со податоци од Анкетата за приходи и услови на живеење, сите од официјалната статистика на Државниот завод за статистика. Се употреби методот на трудов инпут за да се измери степенот на недекларирана работа и пристапот заснован на потрошувачка за да се измерат нецелосно пријавените приходи. Неформалните работници се опишани врз основа на нивната самоидентификација во АРС, соопшти Фајнанс тинк.

Фото: Unsplash

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката