15 Јануари, 2025
0.0925

Домати, лекови, вода, руда..кои се најизвезуваните македонски производи во регионот?

Објавено во: Економија 10 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Последните статистички податоци за трговската размена покажуваат дека македонските компании се недоволно позиционирани на пазарите во регионот. Минатата година  62,8% од вкупниот извоз на земјава завршил на пазарите од Европската унија, а само 24,6% во балканските земји. Фероникел, катализатори, челик, олово и цинк, нафтени деривати, текстил, свеж зеленчук и овошје, тутун се главните производи кои ги извезуваме во земјите во регионот. Во најголем дел, станува збор за производи со ниска додадена вредност, суровини или полупроизводи кои имаат релативно ниска цена. Косово е втор најголем извозен пазар за Македонија, после Германија која со години е најголемиот извозен партнер на Македонија. Најголем дел од извозот на Косово отпаѓа на извозот на нафта и нафтени деривати, како и производи и суровини кои се користат во градежништвото, како цемент, челични производи. На Косово се извезува 12,14% од вкупниот извоз. На трето место е Србија каде што се извезува 7,48% од вкупниот извоз. На српскиот пазар најмногу извезуваме свежи домати и лекови. Може да се очекува извозот да расте и годинава, пред се поради тоа што голем дел од македонските производи кои се извезуваат кај северниот сосед, всушност, завршуваат на големиот руски пазар. Во Бугарија најмногу извезуваме руди на олово, цинк и бакар, како и разни челични производи и тутун.. Албанија, покрај тоа што е интересна со четири милионскиот пазар, преку огромните вложувања во инфраструктура станува еден вид транзит- земја, која Македонија може да ја искористи за поврзување и проширување на пазарите кон Јадранот и кон Италија. Во Албанија најмногу извезуваме масла од сончоглед, лекови, струганици, вода и цевки.. Грција до скоро претставуваше значаен пазар за македонските производи. Железото и челикот, текстилот, тутунот, производите од метали и челик и мермерот се петте најизвезувани производи кои учествуваат со околу 55% во вкупниот извоз кон Грција. Државната статистика веќе покажува опаѓачки тренд и кај извозот и кај директните инвестиции од Грција во последните неколку години. Само во периодот од 2008 до 2010 година извозот паднал за драматични 118%. Македонија во трговски дефицит со регионот Регионот има потенцијал за македонските извозни производи, во главно поради близината, добрите транспортни врски, кои овозможуваат обезбедување нарачки за брзо време, но и поради менталитетот, кој е сличен на македонскиот. Но, доколку се анализира трговската размена по држави, ќе се види дека Македонија бележи огромен трговски дефицит со сите земји од регионот, освен со Косово. Србија, Словенија, Бугарија и Грција многу полесно го освојуваат македонскиот пазар отколку што македонските компании ги освојуваат нивните купувачи. За ваквиот негативен тренд најчесто, причините се бараат во проблемот со името со Грција, административните бариери кои произлегуваат од непочитување на бесцаринските договори, иако овие држави се членки на ЦЕФТА, како и во силната конкуренција од трети држави кои извезуваат во регионот, а имаат субвенциониран извоз. С.Н

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања