Доналд Трамп повика на одложување до претседателските избори во САД
Објавено во: Свет, Корона Вирус 30 Јули, 2020
Претседателот на САД, Доналд Трамп побара претседателските избори во ноември да бидат одложени, велејќи дека зголемениот обем на поштенското гласање може да доведе до измама и неточни резултати, објави Би Би Си.
Тој предложи одложување додека луѓето не можат „правилно и безбедно“ да гласаат.
Постојат малку докази за да се поддржат тврдењата на Трамп, но тој долго време се спротивставуваше на гласање по пат на пошта, за кое рече дека е подложно на измама.
Американските држави сакаат да го олеснат гласањето по пошта, поради загриженоста на јавното здравје поради пандемијата на коронавирус.
Тој вели дека ваквото гласање ќе биде најголем срам во САД и ќе доведе до најизмамничките избори во историјата.Калифорнија, Јута, Хаваи, Колорадо, Орегон и Вашингтон планираа вакво гласање за ноември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.