Донаторски ден во ОКТА
Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2016 12:16
Донација на парични средства и крводарителска акција беа активности на вработените во ОКТА како поддршка на кампања за борба против гладот „Помислете на нас“ организирана од страна на Црвениот крст на Град Скопје. Во хуманитарната акција, којашто традиционално ја организираат вработените во компанијата, тие доброволно се откажаа од дневните купони за храна. Собраните средства ги донираа во Црвениот крст на Град Скопје од каде прехранбени продукти ќе се набават и дистрибуираат до семејствата и граѓаните кои се во тешка социјална положба. Во исто време, вработените ја покажаа својата хуманост и преку крводарителска акцијакоја беше организирана во рамки на компанијата.
„Кога имаме хуманитарни активности поттикнати од самите вработени одзивот е секогаш голем. Горди сме на иницијативите кои доброволно ги преземаат нашите вработени и со тоа ја поддржуваат општествено одговорната компонента на компанијата“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА.
Компанијата ОКТА заедно со своите вработени, редовно ги спроведува овие донаторски активности како поддршка на глобалната кампања за борба против гладот.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




