Дорис Пак се сретна со Мицкоски, а потоа го „закопа“
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2018 08:25
Искусната германска политичарка и долгогодишен учесник во меѓународните институции Дорис Пак упати критики до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конгресот на сестринските партии, односно на Европската народна партија во Хелсинки.
„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира", напиша на својот твитер-профил Дорис Пак.
Претседателка на асоцијацијата на жените на ЕПП ова го напиша по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Хелсински.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Влатко Ѓорчев е поканета на Конгресот во Хелсинки, но во последно време овој сојуз на десничарски партии е со резервиран однос кон македонската опозиција по исклучувањето и разрешувањето на партиски функционери и пратеници.

Можеби ќе ве интересира
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




