22 Декември, 2024
0.0286

Досие Блерим Река – Уставотворецот кој ќе им „краде“ албански гласови на ДУИ и СДСМ

Објавено во: Македонија 08 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Блерим Река е засега единствениот „џокер“ кој не е дел од големите коалиции предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои истрчаа во претседателската трка со сопствени кандидати. Река доаѓа по предлог на Алијанса за Албанците, партија која ја напушти коалицијата со Зоран Заев и се позиционираше како силен опонент на ДУИ. Поддршка исто така има и од движењето БЕСА со кое раководи Биљал Касами, уште еден жесток критичар на политиките на Ахмети и владејачката структура. Блерим Река уште на самиот старт кога ја најави својата кандидатура за претседател на Македонија даде етничка „боја“, изјавувајќи дека се вклучил во изборниот процес бидејќи албанците немале свој кандидат, односно тие ќе се свеле само на гласачи, но не и на гласани. Ваквото излагање е во спротивност на обидот на коалиционите ортаци Заев и Ахмети да наметнат консензуален кандидат, прифатлив за сите етнички и општествени групи. Но, кој е всушност Блерим Река и каков вид на профил може да очекуваме во првиот круг од претседателските избори?


Уставотворец со удел во Рамковниот договор

Река има тесна врска со многу важни настани од неодамнешната историја на Косово. Тој всушност во Приштина се стекнува со сите факултетски звања, од дипломец на правниот факултет во косовскиот главен град, до доктор на науки од областа на меѓународното право исто така на Универзитетот на Приштина/Грац. Тој беше дел од тимот на експерти кој го напиша нацртот на Уставот на Косово под надзор на Обединетите нации, а до 2001 и основач и претседавач на Уставниот форум на Косово. Во нашиот северен сосед, Река основал невладини организации, публикации и енциклоподии за право, а бил дел и од бордот на директори на Косовската радиотелевизија. Свој удел има и во составувањето на Охридскиот мировен договор, кој потоа преку уставни амандмани стана составен дел и од македонскиот устав. Река е уредник и на публикацијата „10 години од Охридскиот рамковен договор“  објавена како научен труд на Универзитетот на Југоисточна Европа

„Дали Македонија функционира како мултиетничка држава (десет години по потпишувањето на овој Договор)? Ова научно и истражувачко прашање се совпаѓа со две значајни годишнини: 20-годишнина од независноста на Македонија (од СФРЈ) и 10-годишнина од потпишување на Договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ. 2011 година беше оригинален повод за да се анализира до кој степен се имплементираа во текот на последнава декада ставовите дадени по повод независноста на Македонија за изградба на повеќенационална држава, по повод должностите кои произлегуваат од Договорот за стабилизација и асоцијација, по повод потпишувањето на Договорот кој стави крај на воениот конфликт? Најдобриот одговор на ова прашање би била метафората за неполна чаша. За некои е половина полна, додека за некои е половина празна“ ќе напише Река во воведот на публикацијата.

Еден месец по крвавите напади во Собранието на Република Македонија, во интервју за Фактор магазин ќе даде оценка за начинот на кој според него размислуваат повеќето Македонци.

„Проблемот кај Македонците е што имаат суфицит на етнички национализам а со жалење констатирам дефицит на државен патриотизам. Се плашам дека од преголема љубов кон нацијата можат да ја изгубат државата“, истакна тогаш професорот. Дополни и дека Македонија треба да го смени менталниот склоп и да создаде општество во кое сите ќе бидат еднакви.

Концептот на „едно општество за сите“, барем од денешна перспектива, од стартот на неговата кампања, изгледа како да не е целосно присутен и да кореспондира со неговите претходни ставови бидејќи алудира на гласовите на етничките Албанци во Македонија.


Професор и амбасадор

Река добар дел од кариерата ја поминува како универзитетски професор. Негова матична институција е Универзитетот на Југоисточна Европа или попознат како „Штулов“ со кампови во Скопје и Тетово. Во 2003 година станува Декан на Факултетот за јавна администрација, за потоа да ја започне и дипломатската кариера. Во 2006 година е назначен за амбасадор на Република Македонија во мисијата во Брисел, ЕУ. На оваа позиција останува четири години исполнувајќи го цел мандат. Потоа се враќа во академските води на позицијата Проректор за истражување на „Штулов“ во Тетово.

Може ли да им украде гласови на Заев и Ахмети?

Изборот на претседател во Македонија секогаш зависел од гласовите на етничките Албанци, особено во вториот круг на гласање. На овие избори за прв пат имаме македонско-албанска коалиција, односно СДСМ и ДУИ се согласија да застанат зад Стево Пендаровски кој веќе еднаш загуби во 2014 година иако одредени анкети му предвидуваа победа. Тогаш албанскиот корпус на партии се одлучи на тивок бојкот на изборите за претседател иако вториот круг се совпадна со предвремените парламентарни избори. Секако, во победата на Иванов удел имаа и албанските гласови кои дојдоа директно по партиска насока во тогашната коалиција на власта, додека пак гласачите на кои Пендаровски се надеваше изостанаа. За „замрсување“ на сметките на Пендаровски повторно улога може да имаат албанските гласачи кои би се одзвале на кампањата која Река ќе ја води заедно со Села, Таравари и Касами, односно ќе се надева на гласовите на етничките Албанци кои се незадоволни од владеењето на Ахмети и воопшто на ДУИ. Прашање е и дали збирот на гласови кои Река би ги добил во првиот круг би се „трансферирале“ на контото на Силјановска бидејќи целта е да се победи Ахмети како суверен во албанскиот блок кој е неизбежен дел од сите владини коалиции, за потоа Алијансата за Албанците и БЕСА да си отворат пат на следни парламентарни избори како партии кои ја добиле довербата од мнозинството на Албанците и со таков легитимитет да влезат во идна влада, отколку дека би му направиле услуга на ВМРО-ДПМНЕ во изборот на Силјановска. 


Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје