17 Декември, 2025
0.0522

ДОСИЕ КИНА: Пекинг со полн куфер кредити дојде во Белград, ќе се офајди ли Скопје?

Објавено во: Балкан 17 Декември, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

„Една стара кинеска поговорка вели дека најдобро време за да се посади дрво е пред 20 години, а следно најдобро време е тоа да се направи – денеска. Оваа можност не смееме и немаме право да ја прокоцкаме“ – со оваа поента српскиот премиер Александар Вучиќ, пред преполната сала “Сава центар“ го отвори четвртиот по ред економско – трговски кинески форум. Киескиот премиер допатува во Белград со полн куфер проекти за кои официјален Пекинг е подготвен да инјектира 10 милијарди долари. На маса седнаа претставници на 16 земји од Југоситочна Европа. Дали овој форум уште повеќе ќе го зајакне, веќе почнатиот процес на инфлитрирање на кинески капитал и кредити во “Старата“ Еропа? Кина основа нов Фонд од 3 милијарди долари... Кина ќе направи специјален фонд со 3 милијарди долари кои ќе бидат достапни за земјите од Централна и Источна Европа. Ова го најави кинескиот премиер Ли Кечијанг во срцето на Белград, на бизнис форумот на Кина со земјите од ЈИЕ. “Парите од тој фонд ќе се користат на нов начин, преку јавно-приватно партнерство и лизинг аранжмани“ – изјави премиерот Кечијанг. Вкупниот кинески пакет се проценува на околу 10 милијарди долари, пари кои се достапни за поддршка на проекти што ќе ги понудат земјите од ЈИЕ. „Целта на овој регион се инвестициите, нам ни е потребна инјекција за доверба и сила. Тоа е суштината на овој форум, да се создаде врска меѓу Кина и овој регион.“ – изјави српскиот премиер Александар Вучиќ на старот од мега-бизнис форумот во Белград. Кинескиот премер Ли Кечијанг пред бизнисмените оцени дека светската економија сеуште оди во надолна линија и дека пати од се поголем инфлациски притисок, но и дека е сигурен дека доаѓаат подбри денови. 17717427705490a9e8928e7091525621_640x394 „Моето задоволство да ја посетам убавата земја Србија е големо, како и моето присуство на форумот на Кина со земјите од Централна и Источна Европа. Подобрување на животот на луѓето е важно прашање, исто како и прашањето за мир и стабилнос во земјите во целиот свет“, порача премиерот Ли, кој оцени дека Кина е во кондиција да ја зајкне соработката. На форумот во Белград има околу 5 000 гости, од кои 700 се дел од владината делегација на Кина, предводена од премиерот на Кина. Овој форум во српската престолнина е продолжение на досега оддржаните, во Будимпешта, Варшава и Букурешт. На форумот присуствуваа 16 земји од Централа и Источна Европа, преставувани од нивните премери, освен Хрватска која како преставник го испрати потпретседателот на Владата. Брза железница, електрани, мостови, патишта – во што ќе финансира Кина? Во фокусот на самитот се инвестициски проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, индустријата, туризмот и транспортот. Дел од проектите за кои Кина е подготвена да финансира со поволни кредити се: изградба на индустриска бесцаринска зона,  две термоелектрани, мостови, обиколница во Белград и пристаниште на Дунав. Еден од клучните проекти ќе биде изградбата на супер брзата железница на релација Будимпшта-Белград- Атина. Токму денеска се очекува да се стави и потпис на меморандумот за овој мега проект, кој би имал непроценлива инфраструктурна вредност. Имено, српските медиуми пишуваат дека експресната железница, сегашните осум часови пат ќе ги скрати на само час иполовина. Според најавата,  акцискиот план за овој проект би бил готов  до средината на идната година, а реализацијата би траела до 2017-та. Оваа брза железница од Солун до Будимпешта би се возела со 200 километри на час. Трасата би можела да минува низ Македонија, но работите ќе бидат појасни по денешната средба помеѓу четворицата премиери: на Македонија, Србија, Кина и на Унгарија. Дека овој проект се смета за многу важен инфраструктурен зафат потврди и потпретседателот на српската Влада, Михајловиќ. „Тоа е потенцијално многу важен проект за Србија. Тука не станува збор само за поврзување на Истокот и Западот, туку што преку Србија се влегува во ЕУ, изјави Зорана Михајловиќ, потпретседател на Владата на Србија. Според српскиот премиер, за да се искорстат сите кредитни можност што ги нуди Кина, потребни се и реформи во самите земји од ЈИЕ. 550884_samit-foto-petar-dimitrijevic_f Според српски “Новости“, официјален Белград подготвил листа со 70 проекти за кои ќе се презентираат и за кои ќе се бара финансиска поддршка. “Предолго владите во нашиот регион правеа погрешен избор. Имаше години кога велевме “да“ а требаше да кажеме “не“. Време е да научиме да кажеме “не“. Само ако имаме критички пристап кон себе ќе можеме и да се промениме. Никој нема да сака да инвестира и да вложува во нас, ако пред се тоа не го направиме самите ние“, рече Вучиќ. Како дел од кинеската делегација се и бројни бизнисмени од Кина од различни индустриски сектори. Така,  како дел од оваа мега-бизнис посета се претставници на  “Čajna mašineri end inžinjering korporejšn“, „Čajna roud end bridž“, „Gezhouba“, „Huavej“, „Čajna er“, Čajna development bank. И Македонија – дел од Форумот... Дел од форумот е и Македонија. Владина делегација, предводена од премерот Никола Груевски, по завршување на постата на Саудиска Арабија, вчера попладне директно отпатува во Белград. Македонија е прва земја која, од кредитниот колач од 10 милијарди долари, зеде кредит во вредност од 580 милиони евра за изградба на автопатите на исток и на запад од земјава. Имено, Македонија склучи договор со кинеската “Ексим Банка“, од каде позајми пари за изградба на патната делница Миладиновци-Штип, и на запад, за изградба на автопатот Кичево-Охрид ZASTAVE. Македонскиот премиер ќе оствари среби со кинескиот колега но и со премерите од земјите кои дирктно ќе бидат засегнати од изградбата на проектот “Брза железница“. Според проценките, во следните пет години, половина од светскиот раст ќе биде генериран од Азија, поради што се оценува дека овој бизнис форум во Белград ќе може да биде и голема шанса за земјите од регионот да се приклучат во инвестициски проекти што ќе создаваат нови работни места. Хотелот “Хајат“ го чува и тајната полиција на Кина.. Хотелот “Хајат“ во следните денови практично ќе биде кинеска територија среде Белград, а премиерот Ли Кечијанг, единствен премиер на држава учесник на самитот, кој ќе претојува во “Хајат“- пишува српски “Блиц“. Во текстот се опишува начинот на дочек на кинеската делгација и нејзиниот третман од страна на српските власти. Така, „Блиц“ пишува дека поради доаѓањето на кинеската делгација, но и на делагациите од 16 земји-учеснички на самитот, хотелот “Хајат“ со денови е под досега невидени мерки на обезбедување. „Никој освен вработените не може да и се приближи на зградата, а за влагување внатре не станува збор. Покрај хотелското обезбедување, присутна е и српската полиција во униформи, но и во цивилна облека, но и припадници на кинеското министрство за безбедност, односно тајната служба. Пред влезот е поставена темнозелена завеса која треба да го затвори погледот за да не може да се види како влегува и како излегува од хотелот, кинескиот премиер“ – пишува “Блиц“ Токму во хотелот „Хајат“ ќе се реализираат и билатерните средби на кинескиот премер, односно хотелот ќе се претвори практично во негова резиденција. Премерот на Кина е сместен во претседателски апартман со површина од 202 метри квадратни. Премиерите на останатите земји, учеснички на самитот, заедно со нивните делегации се сместени во хотелот „Фалкенштајнер“, кој е исто така под засилени мерки на безбедност, што дури е забранет пристап и на самиот паргинг простор. Во хотелот “Краун плаза“ се сместени кинески гости кои се дел од кинеската делегација. Според “Блиц“ гостите од Кина барале порано да можат да влезат во собите и во апартманите, а била зголемена побарувачката за свежо цедено овошје и зеленчук. Дел од хотелите дури обезбедиле и кувар од Кина, но на менито, на странските гости ќе им биде понудена и храна од Србија. https://www.youtube.com/watch?v=eq8Ei4eFrvE Настанот го следат околу 1 100 новинари од стотици медиуми. Посетата на кинескиот премиер на Србија е прва по 28 години пауза. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата