05 Мај, 2024
0.0258

ДОСИЕ Никола Тодоров: Несуден хирург, адвокат во најава - чуму?!

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Дипломираниот правник, Никола Тодоров, откако смени неколку директорски места и две министерски позиции реши на 38 години да биде адвокат. Тој одлучи наместо во иднина да носи закони во Парламентот како пратеник, да брани клиенти во суд како адвокат. Никола Тодоров својата одлука ја соопшти преку својот Фејсбук профил, но остана нејасно кому се обраќа и зошто го стори тоа преку социјалните мрежи.

„Имајќи во предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров во својот пост на Фејсбук.

Оваа одлука на Тодоров отвори многу прашања. Зошто токму сега се повлекува? Што значи придонес во партиските активности? Дали оставката е изнудена или негов личен избор? 

Правник кој сакаше да биде примариус 

Поголемиот дел од реакциите кои одекнаа во јавноста се во однос на неговата професија. Со оглед на тоа дека Тодоров никогаш не работел како адвокат, дури откако се менува власта, а ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, тој реши да се бори за правда во судовите. 

Во биографијата на Тодоров која се уште стои на сајтот на Министерството за здравство пишува дека тој е дипломиран правник и завршил студии на Правниот факултет во Скопје, а специјалност му е граѓанско право. Тодоров има положен правосуден испит, но нема ни ден искуство како адвокат. 

Бил приправник на истражен судија во Основниот суд Скопје 1 во септември 2002 и тоа е се од правосудството. Потоа, на само 27 години на голема врата влегува во политиката и почнува да реди функции. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2007 е заменик директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Кусо време е раководител во скопскиот Катастар, а во јули 2009 седнува во министерската фотелја во образованието. Таму останува до јули 2011, а потоа се утврди во Министерството за здравство каде остана до последниот ден од владата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тодоров од политиката, судејќи според анкетниот лист доставен во Антикорупциската комисија, финансиски си заминува како под просечен македонски граѓанин, но со големо петно и многу дамки во неговата кариера. 

Тодоров после толку години во највисоката извршна власт нема имот на негово име. Поседува само автомобил „Тико“ стар 20 години и мотор „Дукати“ купен 2007 во вредност од 240.000 денари. Од месечни приходи има плата и заштеда од 740.000 денари. 

Афери, тендери, починати пациенти

Тодоров во годините си заработи непопуларно име со кое многу често го опишуваа оние кои не беа задоволни од неговата работа - „Министерот за смрт“.

Смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот, е еден од кобните случаи кои како виновник му се припишуваат на Тодоров. Битката за спас на девојчето со надлежните институции траеше цели три месеци, за тоа дали нејзината операција од 30.000 ќе ја плати Фондот за здравствено осигурување. Но, Тамара не издржа во правната процедура и чекајќи потпис од лекарите. За оваа голгота на семејството и смртта на Тамара, имаше протести против Тодоров, а опозицијата му поднесе интерпелација. Сепак, Тодоров преживеа и со помош на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остана министер.

Во биографијата за себе вели дека поседува „способност за тимска работа, работа во мултикултурна средина, креативност, флексибилност и амбициозност, инвентивност, комуникативност, експедитивност“.

Но, голем дел од граѓаните ќе се паметат и по скандалот со тендерот за набавка на ренген и дигитални апарати во вредност од 1 милион евра, што го доби фирмата Визарис МКД, поврзана со новинарката од Сител, Ивона Талевска. Откако СДСМ ја обелодени оваа афера, договорот беше раскинат, а Тодоров се правдаше дека постапката за набавка на опремата била законска и „малку неетична“.

Бродот тоне, го напуштаат ли и свирачите?

Повлекувањето на Тодоров е чудно затоа што пред десет дена го потпиша договорот за изградба на нов Клинички центар во вредност од 72 милиони евра. А, беше насмеан и во првите редови со врвот на партијата на отворањето на новиот објект на Филхармонијата. 

Тодоров е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, неколку циклуси беше шеф на изборниот штаб на партијата и лојален на лидерот, Никола Груевски. Дали ќе излезе од партиските органи и ќе биде само член во партијата или пак неговата оставка од пратеничката функција е почеток на адвокатската кариера, ќе се дознае наскоро. Тој е еден од ретките функционери од врвот на ВМРО-ДПМНЕ кој не беше на списокот помилувани од претседателот Ѓорѓе Иванов, а досега СЈО нема отворено истрага за случај во кој што тој е осомничен. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува