Дознајте повеќе за стипендиската програма Борис Трајковски - НОВА на инфо-денот!
Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2024
Отворен е конкурсот за стипендиската програма „Борис Трајковски-НОВА“ која ги покрива трошоците за четиригодишно средно образование во Меѓународното училиште НОВА Скопје, за учебната 2025-2026 година. Преку оваа програма се доделуваат три целосни и три делумни стипендии кои ги обезбедува НОВА, во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“.
Со цел за подобро запознавање со критериумите за избор, процесот и фазите на
аплицирање, како и временската рамка која му претходи на изборот, ги покануваме
сите заинтересирани родители и ученици запишани во деветто одделение во државните училишта
да ни се придружат на нашиот
Отворен ден кој ќе се одржи на 13
ноември, во 17:00 ч, во аудиториумот на средното училиште.
Настанот ќе започне со вовед во програмата која годинава одбележува
дваесетгодишен јубилеј. Учениците потоа ќе имаат можност да бидат дел од
практична работилница на која ќе дознаат како да креираат видеоесеј со порака
која ќе резонира во нивната поширока заедница, и како писмено да го образложат
начинот на кој дошле до своите видео заклучоци. За тоа време, родителите ќе
имаат можност да добијат дополнителни информации за едукативната филозофија на
НОВА, како и наставната методологија која е во согласност со IB-програмата
(Организацијата за меѓународна матура), како и процесот на запишување во
училиштето. Исто така тие ќе можат да ги видат
просторните услови и да ги посетат специјализираните простории на училиштето
каде се одвиваат различни видови на настава.
Учениците кои се дел од оваа стипендиска програма своето образование го продолжиле на некои од најреномираните високообразовни институции во светот, вклучително, Универзитетот Јејл, Колумбија, Харвард, Стенфорд, Оксфорд, Сорбона, универзитетите во Гронинген, Лајден итн.
Не пропуштајте ја можноста Вие или Вашето дете да бидете дел од НОВА, охрабрете се и посетете го нашето училиште и ослободете го вашиот целосен потенцијал! За регистрација на настанот пополнете го формуларот на следниов линк: https://shorturl.at/kjgDE
Стипендиите се доделуваат од 2005 г., во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Еден од критериумите е учениците одлично да го владеат англискиот јазик, како јазик на кој се одвиваат комуникацијата и наставата во НОВА. Меѓу останатото, кандидатите треба да ги демонстрираат и вредностите за кои се залагаше претседателот Борис Трајковски, а кои се негуваат во училиштето, како што се: отвореност кон нови култури, емпатија, интегритет, разноликост и соработка. Особено е важно заинтересираните апликанти да се отворени за нови искуства, да размислуваат широкострано, и да се флексибилни со цел за лесно прилагодување на образовен систем кој е различен од оној во државните училишта.
- Програмата за стипендирање „Борис Трајковски - НОВА“ е извонредна можност за талентираните ученици од земјата да се стекнат со нови искуства, да запознаат различни култури, да го гледаат светот од повеќе преспективи, да бидат активни чинители во заедницата и да бидат граѓани на светот кои ќе носат цврсти одлуки. Веруваме дека најисплатлива инвестиција е квалитетно образование, бидејќи оттаму произлегуваат идните лидери на секоја земја. Целосно сме вложени во оваа програма преку која градиме подобра иднина за нашето општеството, имајќи предвид дека најголемиот дел од досегашните стипендисти денес се врвни професионалци во своите области, како во земјава, така и низ светот - истакнуваат од Меѓународното училиште „Нова“.
За повеќе детали за програмата, посетете ја нашата веб-страница: https://www.nova.edu.mk/admissions/boris-trajkovski-scholarship
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.