05 Ноември, 2024
0.0479

И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се пријави сексуалното насилство на интернет, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) започнува кампања „И онлајн насилството остава лузни“.  

Кампањата главно ќе се одвива на социјалните мрежи и ќе се обрати на младите, со посебно внимание кон жените и тинејџерките, затоа што сите истражувања и податоци укажуваат дека припадничките на оваа возрасна група се најчести жртви во случаите на технолошки овозможено родово-базирано насилство или онјлан насилство.

„Родово-базираното насилството на Интернет не е виртуелно. Последиците од него се реалност со која се соочуваат многу млади, а особено девојки и жени. Иако, често пати, е невидливо за останатите, остава длабоки лузни кај жртвите. Време е да го препознаеме овој проблем и да почнеме да се справуваме со него затоа што безбедноста на интернет е право, а не привилегија. Интернетот треба да биде сигурен простор за сите без разлика на нивниот род, возраст, место на живеење или степен на образование“, вели Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП.

Анкетата што УНДП ја спроведе во пресрет на оваа кампања, покажа дека дури 70 отсто од жените кои биле жртви на онлајн насилство, не го пријавиле случајот. Токму затоа, кампањата на УНДП ќе има посебен фокус на едукација на граѓаните за тоа што сè претставува технолошки овозможено родово-базирано и сексуално насилство , но и како и каде може да се пријави.

Технолошки овозможено родово-базирано насилството е секоја форма на нарушување на приватноста, демнење, вознемирување, родово-базиран говор на омраза, споделување лични содржини без согласност, сексуална злоупотреба заснована на фотографии или видеа, неовластено навлегување во компјутерски систем, кражба на идентитет и директно насилство. Секој ваков случај, жртвите можат да го пријават во најблиската полициска станица или на cybercrime@moi.gov.mk.

Кампањата се спроведува во рамки на проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“, кој УНДП го имплементира софинансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја. Преку овој проект, меѓу другото, во изминатиот период се организираше тренинг програма за зајакнување на капацитетите на припадниците на Министерството за внатрешни работи за превенција на сексуална експлоатација и вознемирување на интернет.

Исто така, беше изготвена и Анализа на националното законодавството поврзано со технолошки овозможеното родово-базирано насилство. Во рамки на проектот се реализираше сеопфатна обука за препознавање и превенција на технолошки овозможено родово-базирано насилство, наменета за претставници на МВР, центри за социјална работа, јавното обвинителство и граѓански организации. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НЕЗАБОРАВЕН ДИСКО ВИКЕНД ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

НЕЗАБОРАВЕН ДИСКО ВИКЕНД ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ

За амбициозните средношколци кои знаат дека можат повеќе: Новиот NU Колеџ за средношколци ги подготвува за реалниот свет

За амбициозните средношколци кои знаат дека можат повеќе: Новиот NU Колеџ за средношколци ги подготвува за реалниот свет

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство

Во Кочани утре за родителите ќе се одржи работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство

CUPRA го отвори првиот салон во Македонија – новото лице на спортскиот автомобилски дух

CUPRA го отвори првиот салон во Македонија – новото лице на спортскиот автомобилски дух

А1 Business Ultra за бизнис корисници

А1 Business Ultra за бизнис корисници

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ФК АЕРОДРОМ 2018 СКОПЈЕ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ФК АЕРОДРОМ 2018 СКОПЈЕ

Како да пристапите до акции од дивиденди на волатилен пазар?

Како да пристапите до акции од дивиденди на волатилен пазар?

Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“

Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“

Единствено со НЛБ haPPy кредитните картички - двоен поврат на средства во ноември

Единствено со НЛБ haPPy кредитните картички - двоен поврат на средства во ноември