06 Ноември, 2024
0.0264

Успешна еко-чистка на Водно со VIVAX - собрани се повеќе од 200 вреќи отпад

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Изминатиот викенд го одбележа успешната масовна акција на VIVAX за чистење на Водно. И покрај облачното и ветровито време, 200 учесници го прифатија предизвикот да ги исчистат најпопуларните пешачки патеки до врвот, собирајќи повеќе од 200 вреќи отпад.

Волонтерите и претставниците на Паком Компани и брендот VIVAX, во групи предводени од членови на планинарскиот клуб H2O, заедно се искачија до Средно Водно, по што се поделија по најчесто користените патеки до врвот – Цветкова, Олимписка, Пензионерска и Новогодишна.

 

Од патеките, доловите и ниската вегетација околу нив собрани се пластични шишиња, лименки, ќеси, влажни марамици, дезодоранси, како и текстилни предмети - маици и капи, кои беа расфрлани покрај дрвјата и под листопадното зеленило. Вреќите со собраниот отпад беа оставени на две локации, од каде подоцна беа преземени од екипи на Комунална хигиена.

Акцијата заврши со забава пред планинарскиот дом Даре Џамбаз, каде што по кратката едукација од професионалните планинари за важноста од одговорно однесување на планината, на присутните им се обрати бренд менаџерот на VIVAX во Македонија, Саим Јускоски.

 

    

„VIVAX како бренд, и воедно нашата компанија ПАКОМ Компани, од самото основање се активно вклучени во активности за заштита на животната средина. Нашата мисија ја гледаме како нешто многу поголемо од создавањето на квалитетни производи – а тоа е промоција и активно учество во грижата за заедницата и за природата што нѐ опкружува.

Низ изминатите години ние сме горди организатори и спонзори на различни иницијативи поврзани со Водно, бидејќи го сметаме за непроценливо богатство од природата коешто треба посветено да го чуваме. Токму затоа, целта на овој настан беше не само да се исчистат патеките на Водно, туку и да се подигне јавната свест за тоа колку е важно да ја чуваме околината чиста и здрава.

Искрено им благодариме на сите што се приклучија на нашата иницијатива и станаа дел од оваа успешна еко-приказна. Ова е само уште еден чекор во насока на она кон кое се стремиме – да поттикнеме поголема одговорност за природата кај сите нас. Со ист ентузијазам како денес ќе продолжиме да дејствуваме и во иднина, затоа што она што навистина сакаме да остане запаметено кај луѓето е пораката колку е важно да ја чуваме околината во којашто живееме“ - истакна Јускоски во својот говор.

 

         

VIVAX со години наназад е активен поддржувач на зачувувањето на Водно, особено преку иницијативите #ИЈасСумНаВодно, кои традиционално се одржуваат секој четврток на врвот од Водно од јуни до октомври.


Овој настан ја означи првата официјална голема акција за чистење на Водно, со рекордна посетеност. Од VIVAX велат дека се надеваат на траен впечаток од ваквите еко-иницијативи кои ќе ги поттикнат сите да се грижат за природните убавини што ни го збогатуваат животот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

SMART ELEVING: Платформа за финансиска едукација која ви помага да направите паметни финансиски избори

SMART ELEVING: Платформа за финансиска едукација која ви помага да направите паметни финансиски избори

Започна пријавувањето за велосипедскиот настан за машко здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“ на dm дрогерие маркт

Започна пријавувањето за велосипедскиот настан за машко здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“ на dm дрогерие маркт

Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели

Потрошувачки кредит на Халкбанк – првиот чекор кон остварување на вашите цели

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА ВO ЛЕПТОКАРИЈА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА ВO ЛЕПТОКАРИЈА

ПЕНСИЛВАНИЈА Е „БОЈНОТО ПОЛЕ“ ЗА ТРАМП И КАМАЛА: Засега сосема изедначени се и двајцата

ПЕНСИЛВАНИЈА Е „БОЈНОТО ПОЛЕ“ ЗА ТРАМП И КАМАЛА: Засега сосема изедначени се и двајцата

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Врвот на електричните перформанси: Првиот целосно електричен Porsche Road Tour во Македонија

Врвот на електричните перформанси: Првиот целосно електричен Porsche Road Tour во Македонија

Дознајте повеќе за стипендиската програма Борис Трајковски - НОВА на инфо-денот!

Дознајте повеќе за стипендиската програма Борис Трајковски - НОВА на инфо-денот!

И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет

И онлајн насилството остава лузни – кампања на УНДП против сексуално насилство на интернет