17 Јули, 2025
0.0273

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2024 10:30

Добивај вести на Viber

Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема.

Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа со лиценца и воедно првиот регистриран давател на шема за електронска идентификација во земјата, со највисоки безбедносни стандарди за заштита на личните податоци.

„Со интеграција на ова решени ецелосно сме подготвени за спроведување на новата регулатива, со која финансиските друштва, исто како и банките, се обврзани да го идентификуваат клиентот преку регистрирана електронска шема или со физичко присуство. Со оглед на тоа дека апликацијата Myiute е примарен канал на комуникација со нашите клиенти, од идентификација до склучување на договор,  овој зајакнат безбедносен систем, особено што е интегриран во самата апликација, ќе значи дополнителна сигурност, слобода и заштеда на време, како и супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност привршење на услугите.Ова е навистина уште еден голем успех за Иуте Македонија и целиот тим кој напорно работеше на имплементација на ова решение, во соработка со најдобрите во класата, Evrotrust.”- вели Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

Процесот е целосно безбеден, брз и едноставен. Освен што Иуте е единствено финансиско друштво што има мобилна апликација  Myiute, со целосно дигитален процес од апликација до одобрување, отсега целиот процес ќе се врши на идентичен начин, без потреба од дополнително преземање друга апликација и интеграции затоа што безбедносниот механизам ќе биде веќе вграден во постојната апликација на друштвото.

„Нашата мисија е да им помогнеме на земјите и државите во нивниот пат целосно да се дигитализираат и да ги трансформираат деловните процеси обезбедувајќи одржливи дигитални канали, засилена безбедност на личните податоци и усогласеност со сите важечки прописи. Нашата практика покажува значителни подобрувања во ефикасноста и безбедноста по интегрирањето на Evrotrust во системите и, што е најважно, целосно автоматизирано решение од почеток до крај и подобрено корисничко искуство“, вели Константин Безуханов, Извршен директор на Evrotrust.

Примената на нови технологии и проверени дигитални алатки, несомнено, нуди уникатна конкурентска предност на пазарот. Целта на Иуте е да продолжи да биде лидер во дигиталната трансформација и во воведувањето напредни иновативни решенија на пазарот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Пазарите се активни и покрај ефектот од летните одмори

Пазарите се активни и покрај ефектот од летните одмори

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија

Ново од Грекос: Грчки тип на јогурт со висок протеин, а само 1,5% масти

Ново од Грекос: Грчки тип на јогурт со висок протеин, а само 1,5% масти

НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период

НЕПТУН СО НОВА ПОНУДА: Купи веднаш, плати подоцна – до 48 рати и 3 месеци грејс период

АПИС АПЕЛИРА ДО ВЛАДАТА ДА НЕ ГО ПРЕДЛАГА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО СОБРАНИЕ: „ПРЕДИЗБОРНАТА РЕТОРИКА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ ОДРЖЛИВОСТА НА РЕГУЛАТИВАТА!“

АПИС АПЕЛИРА ДО ВЛАДАТА ДА НЕ ГО ПРЕДЛАГА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО СОБРАНИЕ: „ПРЕДИЗБОРНАТА РЕТОРИКА ЌЕ ЈА ЗАГРОЗИ ОДРЖЛИВОСТА НА РЕГУЛАТИВАТА!“

Стан во центар или куќа за бегство од градот – инвестирајте во трајна вредност

Стан во центар или куќа за бегство од градот – инвестирајте во трајна вредност

НЛБ Банка: По пристапувањето во СЕПА, достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции

НЛБ Банка: По пристапувањето во СЕПА, достапни, разумни и одржливи меѓународни трансакции

ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија

ТИТАН УСЈЕ прва компанија со Платиниум сертификат за системот Нула отпад на депонија