19 Декември, 2025
0.0619

Дознаjте нешто повеќе за иселеничка виза за во Канада

Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2015 12:00

Добивај вести на Viber

Саскачеван е провинција во Канада која за реализирање на Plan for Growth, спроведува програми за имигрирање во оваа држава. Во периодот од 2007 до 2013, во Саскачеван се преселиле повеќе од 50.000 имигранти. Почнувајќи од 2015 година, Владата на Саскачеван објави дека ќе го зголеми бројот на иселенички визи за 16% од 2014, што ќе ѝ помогне на оваа провинција да ги покрие недостатоците на работна сила.

Постојат многу начини се преселите до Саскачеван, привремено или трајно. Можете да привремено да ја посетите, да заминете на студирање или работа. Ако сакате да имигрирате таму или да започнете бизнис во Саскачеван, постојат неколку опции на располагање:

1. Имиграција преку Saskatchewan Immigrant Nominee Program (SINP) Оваа програма е наменета за квалификувани работници кои сакаат да работат и живеат во Саскачеван. Лицата кои аплицирале се оценуваат според образованието, работното искуство, познавањето на јазик и слично, со цел да се оцени дали одговара на пазарот на трудот во Саскачеван. Оваа програма се разликува од Express Entry која важи за цела Канада, бидејќи самата провинција спроведува свои правила во однос на тоа од какви работници има потреба. За повеќето од категориите на работници важи следното правило – морате да имате на понуда за работа од работодавач од Саскачеван, поврзана со Вашето образование и работно искуство. Ако вашата професија е регулирана во Саскачеван, треба да се јавите на регулаторното тело за Вашето занимање, за да дознаете дали Вашето образование и работно искуство ќе биде признаено во Саскачеван.

Доколку аплицирате и се квалификувате за кандидат, SINP ќе Ви испрати писмо за номинација со кое се потврдува дека сте биле избрани. Ако вашата апликација не е одобрена, можете да побарате ревизија. Откако ќе добиете писмо за номинацијата, ќе ја поднесете Вашата апликација заедно со писмото до канцеларијата на CIO во Сиднеј, Нова Скотија, Канада. CIO ќе го прими Вашето барање, а потоа ќе го префрли на соодветната канцеларија за виза надвор од Канада за понатамошна обработка.

Иако можете да бидете номинирани од програмата на Саскачеван, Вашата апликација за имиграција во Канада мора да биде одобрени CIC – Државјанство и Имиграција на Канада. CIC ќе ја комплетира Вашата апликација во однос на Вашето здравје, криминално досие и слични проверки од безбедносни причини, па ќе ја донесе конечната одлука за издавање виза. SINP програмата функционира преку Владата на Канада, канадските амбасади и конзулати низ светот и притоа не овозможуваат ексклузивни услуги на претставнички агенции или посредници. Кандидатите можат да аплицираат преку некаков консултант, но сепак тоа нема да влијае врз одлуката на канадските власти дали некој ќе добие иселеничка виза или не.

Зошто да ја одебрете оваа програма? Некои кандидати кои не ги исполнуваат критериумите според Express Entry програмата која важи за цела Канада, можно е да се квалификуваат за SINP. Како кандидат за имиграција во провинциска област, Вашето барање ќе има приоритет меѓу апликациите што ги добива CIC, бидејќи веќе сте поминале една селекција преку SINP.

За SINP програмата можете да аплицирате ако: – Имате роднини кои живеат во Саскачеван минимум една година – Имате понудата за работа во Саскачеван – Веќе сте работеле во Саскачеван – Имате завршено образование во Канада, а во моментот работите на проект поврзан со Саскачеван – Планирате да започнете бизнис или да работите во секторот на земјоделството во Саскачеван

Повеќе информации за оваа програма можете да прочитате тука.


2. Имигрирација преку Express Entry програма

Вториот начин да имигрирате во Саскачеван е преку Express Entry програмата која се спроведува на ниво на цела Канада. Доколку сакате да прочитате повеќе информации за ова, кликнете тука. Доколку сакате да прочитате како да аплицирате за ваква виза чекор по чекор, кликнете тука.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка