17 Декември, 2025
0.0480

ДРАМАТА НА МОРЕ ПРОДОЛЖУВА: Евакуирани 329 лица, 149 се уште се заробени

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2014 11:29

Добивај вести на Viber

Товарен брод со 49 евакуирани лица, вклучувајќи и четири деца, е првиот брод што пристигна во италијанското пристаниште во Бари со поголема група која успеа да стигне до копно. Бродот пристигнал до копното по синоќешните обиди да се вкотви во Бриндис, но поради немирното море дошло до промена на планот. Траектот кој под италијанско знаме пловел со овластување на грчки траектен оператор „Anek Lines“ од Патрос во западна Грција до Анкона во Италија и во моментот на несреќата пренесувал 478 патници и членови на екипажот како и повеќе од 200 возила, наведува „Ројтерс“. Во несреќата до сега загина едно лице, две се повредени, додека 329 се евакуирани. „И покрај облаците со чад, како и ужасните услови на отворено море, спасувачките активности продолжуваат без прекин“, изјавил капетанот на италијанската морнарица, Рикардо Ризото, додавајќи дека кон местото на несреќата тргнал уште еден брод на италијанската морнарица со хелиодром на својата палуба. Поради немирното време и олујниот ветер голем дел од патниците поголем дел од патниците биле спасувани со хеликоптери и биле префрлани на други бродови кои пловеле во непосредна близина, а неколку патници, меѓу кои и три деца како и една бремена жена, биле веднаш префрлени во болница поради хипотермија. При спасувањето на патниците учествувале и 10 трговски бродови кои се наоѓале во областа на несреќата. Пожарот изби во неделата во раните утрински часови, на палубата за моторни возила. Патниците веднаш се качиле на горната палуба од бродот, каде биле изложени на дожд, студ како и на густ чад чекајќи да бидат евакуирани. Грчките власти објавиле дека на бродот „Норман Атлантик“ најголем број биле грчки патници, односно 234. На бродот имало 54 турски, 44 италијански, 22 албански, 18 германски, девет француски, седум бугарски, десет швајцарски, шест австриски граѓани како и помал број Унгарци, Руси, Хрвати, Македонци, Белгијци, Ирачани и Холанѓани.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата