15 Декември, 2025
0.0929

„Дрекселмајер“ донира креветчиња и столчиња за детска градинка во Неготино

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2014 12:35

Добивај вести на Viber

ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата донираше преку 300 креветчиња со душеци и столчиња во вредност од 1.200.000 денариза градинката „Фемо Кулаков“ во Неготино. Донацијата ја предаде менаџментот на фабриката на ДРЕКСЛМАЈЕР во Кавадарци, Лукас Мирингер и Георги Тренкоски. Како поздрав за добредојде две дечиња од градинката облечени во традиционална народна носија ги пречекаа гостите со домашна погача и сол – стар обичај за добредојде во Македонија. „Се радуваме што сите вие дојдовте во нашата градинка по толку убав повод“, ги поздрави посетителите Раководителот на детската градинка, госпоѓа Весна Нацева. „Срдечно се заблагодаруваме на ДРЕКСЛМАЈЕР за великодушната донација, на која децата многу се радуваат.“ На настанот присутен беше и градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов, кој го пофалил ангажманот на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во регионот. „Компанијата е најголемиот работодавец во земјата. Донацијата за детската градинка покажува, дека ДРЕКСЛМАЈЕР исто така интензивно презема социјална одговорност за регионот.“ „Децата се нашата иднинина – тие се скапоцени членови на општеството. За развојот на децата важно е што постојат места како овие детски градинки, каде што тие слободно можат да си играат, да учат и да стекнуваат искуство. Затоа се радуваме што притоа ние можеме да помогнеме“, вели Мирингер. „Мојата ќерка штотуку наполни две години и наскоро ќе почне да посетува градинка. Се надевам, дека тогаш и таа ќе може да оди во ваква прекрасна установа“, изјави Тренкоски. Обајцата нагласија, дека ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата се ангажира за долгорочен успешен развој на регионот, како на пример со поддршка на социјалните и образовните установи, како детските градинки. Како благодарност за донацијата децата од градинката пред гостите изведоа неколку точки со танцување. На крајот остана малку време за разгледување на установата и разговори со вработените и родителите. Во Неготино живеат околу 1.000 вработени на Дрекслмајер Групацијата во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“