Држава оди во карантин - граѓаните да не одат подалеку од еден километар од домот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Јануари, 2021
Продолжува националниот карантин во Израел до крајот на месецот.
Ограничени се и движењата на луѓето на повеќе од 1 километар од домот. Владата го продолжи националниот карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. Одлуката е донесена откако во државата се регистрирани рекордни 10.021 случај на инфекција дневно, јави ДПА. Тековниот карантин, трет по ред, требаше да заврши во петокот. Училиштата и градинките се затворени, трговските центри се затворени, а рестораните можат само да доставуваат храна. На луѓето не им е дозволено да ги посетуваат домовите на други луѓе кои не се дел од нивното семејство. Кампања за вакцинација против коронавирусот е во тек во Израел. Досега 2,2 милиони луѓе се вакцинирани.
Повеќе од 4.000 луѓе починаа од вирусот во Израел.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.